Пожар на електрична трафостаница во Прилеп

Пожар во трафостаница на улицата генерал Васко Карангелески во Прилеп… Вечерва околу 21:30 минути пожар избувнал во електрична трафостаница на улицата генерал Васко Карангелески во Прилеп, која што се наоѓа во непосредна близина на Меше Маркет веднаш позади црвената станбена зграда. Имено, пожарот предизвикал паника и вознемиреност од локалното население, а исто така реонот кој што се снабдувал со електрична енергија од трафостаницата во овој момент нема електрична енергија (струја) поради пожарот во трафостаницата. Причините за избувнувањето на пожарот не се познати, а од Територијалната Против Пожарна Единица Прилеп било интервенирано со едно возило и тројца пожарникари и огнот е ставен под контрола, известуваат од ТППЕ-Прилеп. Инаку, станува збор за посериозно оштетување на трафостаницата ѝ засега не се знае до кога ќе нема електрична енергија (струја) ...