Во Прилеп е отворена изложбата „Дозволи да летне ко’ пиле“ на уметникот Сокол Марковски

 Во НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп е отворена самостојната изложба „Дозволи да летне ко’ пиле“ на уметникот Сокол Марковски...

Синоќа 07.4.2023 година (петок) со почеток од 19 часот е отворена осмата самостојна изложба на уметникот Сокол Марковски, која што е со наслов „Дозволи да летне ко’ пиле“.

На изложбата се поставени околу 30 дела кој што се работени во повеќе сликарски техники меѓу кои масло на платно, масло на плексиглас, комбинирана техника и дигитален принт на хартија.Сите дела кој што се поставени на изложбата се работени во периодот на 2022 година.

Имено, изложбата насловена како „Дозволи да летне ко’ пиле“ се однесува на невидиливоста на одредени категории на лица или во конкретниот случај на напуштени деца, кој што се оставени на маргините на општеството кој што овие деца уште од најрана возраст се сооучуват со дикриминација, насилство, силување и слично.

На изложбата извадоци од познатиот роман на Лав Николаевиќ-Толстој, „Ана Каренина“ како и повеќе информации т.е краток опис за изложбата читаше Викторија  кој што ја совладаа силни емоции и која што исто така е и историчар на уметност, а исто така на оваа изложба свој збор зеде и самиот уметник Сокол Марковски.

Имено, Марковски е роден во Скопје во 1966 година. Образованието го завршил во ГУЦ „Здравко Цветковски“-Скопе на архитектонскиот оддел во 1986 година.Марковски своето високо образование го завршил односно дипломирал на универзитетот „Св Кирил и Методиј“-Скопје, факултет за ликовни уметности, педагошки отсек, насока сликарство, а бил во класата на професор Јован Шумковски во 2018 година.

Сокол Марковски има одржано т.е оставерно повеќе самостојни изложби како во Македонија така и на балканските земји односно во Хрватска.

Инаку,изложбата ќе биде отворена до 27.4.2023 година до 19 часот со локација во изложбниот дел од НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп.

Повеќе за атмосферата од отворањето на изложбата „Дозволи да летне ко’ пиле“ на Сокол Марковски погледнете од фотографиите во продолжение.

                                                      Сокол Марковски-уметник

                                                 Виктоија-историчар на уметност








            Христијан Ангелески

                                                                                                                    Гимел радио

                                                           #Kултура


За сите љубители на пишаниот збор ви ја препорачуваме книгата:

Сите сакаме нашата кожа, нашата коса и нашето лице и тело да бидат добро негувни, а за да го постигнете тој резултат тука се производите од брендот на:




Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови