Прилеп доби собирно место за одлагање на отпад
Собирното место е на улицата „Трајко Николоски“ во Прилеп... Во Прилеп на улицата „Трајко Николоски“ пред влезот од гаражите на ЈКП„Комуналец“-Прилеп беше пуштено во употреба новото собирно место за одлагање на отпад. Воедно во Прилеп денеска пристигна новото специјализирано возило за подогање на отпад, кое што е обезбедено преку Министерството за животна средина и просторно планирање кое е дел од регионалната програма за управување со цврст отпад. „Денеска официјално го пуштивме во употреба новото Собирно место, за селекција и одлагање на отпад во Прилеп. Значаен чекор кон создавање на поорганизиран, поодржлив и поеколошки систем за управување со отпадот во нашиот град. Од денес, граѓаните на едно место ќе можат правилно да одлагаат електричен и електронски отпад, отпад од текстилни производи, стаклена амбалажа, хартија и пластика. Собирното место се наоѓа на ул. „Трајко Николоски", пред влезот на гаражите на ЈКП „Комуналец", на безбедна и контролирана локација со 24-часове...