Прилеп доби собирно место за одлагање на отпад

Собирното место е на улицата „Трајко Николоски“ во Прилеп...

Во Прилеп на улицата „Трајко Николоски“ пред влезот од гаражите на ЈКП„Комуналец“-Прилеп беше пуштено во употреба новото собирно место за одлагање на отпад.

Воедно во Прилеп денеска пристигна новото специјализирано возило за подогање на отпад, кое што е обезбедено преку Министерството за животна средина и просторно планирање кое е дел од регионалната програма за управување со цврст отпад.

„Денеска официјално го пуштивме во употреба новото Собирно место, за селекција и одлагање на отпад во Прилеп. Значаен чекор кон создавање на поорганизиран, поодржлив и поеколошки систем за управување со отпадот во нашиот град.

Од денес, граѓаните на едно место ќе можат правилно да одлагаат електричен и електронски отпад, отпад од текстилни производи, стаклена амбалажа, хартија и пластика.

 Собирното место се наоѓа на ул. „Трајко Николоски", пред влезот на гаражите на ЈКП „Комуналец", на безбедна и контролирана локација со 24-часовен надзор, со цел заштита на поставената инфраструктура и нејзино правилно користење.

Комуналната опрема за собирање на електричен и електронски отпад е обезбедена од колективниот постапувач „Ел Колект", кој согласно законските обврски ќе го собира, транспортира и рециклира отпадот. Во собирното место може да се одлагаат мали домашни апарати, ИТ и компјутерска опрема, телефони, кабли, светилки, монитори, како и друг вид електричен и електронски отпад.

Дополнително, поставено е и „ѕвоно" за стаклена амбалажа, како и контејнери за ПЕТ амбалажа, хартија и картон, со цел да им се овозможи и на граѓаните кои не се дел од системот за куќна селекција активно да се вклучат во процесот на правилно управување со отпадот.

 Во соработка со колективниот постапувач „Тексомак" и кампањата „Селектирај отпад", започнуваме и со системско собирање на текстилен отпад. Граѓаните текстилниот отпад ќе можат да го одлагаат во собирното место пред ЈКП „Комуналец", во кругот на „Комфи Ангел", или преку апликација да пријават подигање на отпад директно од нивниот дом.

Ова собирно место претставува почеток на еден нов системски пристап во управувањето со отпадот, со кој ја подигнуваме јавната свест и се подготвуваме за идниот регионален систем и регионалната депонија.

Она што сакам да го најавам е дека Општина Прилеп, заедно со ЈКП „Комуналец", веќе работи и на проект за голем современ Собирен центар, каде што ќе се селектираат најмалку 30 видови отпад, согласно сите современи стандарди и законски обврски.“-вели Дејан Проданоски, градоначалникот на Општина Прилеп.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Од „Пушти коси“ до „ И тебе сам сит кафано“ синоќа на Пиво фестивалот во Прилеп

Прилеп со 8 милиони евра ќе инвеститра нови развојни програми