Постови

Прилеп доби собирно место за одлагање на отпад

Слика
Собирното место е на улицата „Трајко Николоски“ во Прилеп... Во Прилеп на улицата „Трајко Николоски“ пред влезот од гаражите на ЈКП„Комуналец“-Прилеп беше пуштено во употреба новото собирно место за одлагање на отпад. Воедно во Прилеп денеска пристигна новото специјализирано возило за подогање на отпад, кое што е обезбедено преку Министерството за животна средина и просторно планирање кое е дел од регионалната програма за управување со цврст отпад. „Денеска официјално го пуштивме во употреба новото Собирно место, за селекција и одлагање на отпад во Прилеп. Значаен чекор кон создавање на поорганизиран, поодржлив и поеколошки систем за управување со отпадот во нашиот град. Од денес, граѓаните на едно место ќе можат правилно да одлагаат електричен и електронски отпад, отпад од текстилни производи, стаклена амбалажа, хартија и пластика.  Собирното место се наоѓа на ул. „Трајко Николоски", пред влезот на гаражите на ЈКП „Комуналец", на безбедна и контролирана локација со 24-часове...

Пожар на депонијата Алинци кај Прилеп

Слика
Пожарот избувнал во 14 часот, а според досегашните информации пожарот е ставен под контрола и во текот на ноќта на патниот правец Прилеп-Битола ќе има засилени сообраќајни контроли...           Денеска, околу 14:00 часот, избувна пожар на градската депонија кај „Алинци“. Веднаш по добиената информација, на терен излегоа екипи на ТППЕ од Прилеп, Дирекцијата за заштита и спасување, како и екипите на ЈКП „Комуналец“-Прилеп и „Водовод и канализација“-Прилеп, со механизација и работна сила, заедно со општествено одговорни компании кои се вклучија во гаснењето и локализирањето на пожарот.           Пожарот во моментов е ставен под контрола, а екипите и понатаму ќе продолжат со активности за негово целосно гаснење и спречување на евентуално ширење на огнот.           „Апелирам до граѓаните да не шират непроверени информации на социјалните мрежи, туку да ги следат официјалните соопштенија од надлежните инс...

Се уредува „Чарши-џамијата“ во Прилеп

Слика
 Овој веќе културен споменик се наоѓа во центарот на Прилеп...           Заштитеното културно богатсво кое што се наоѓа во срцето на страта прилепска чаршија веднаш до прилепската саат кула „Чарши-џамијата“ која што претсавува историско културно наследство со години е во многу лоша и руинирана состојба.            Од Општина Прилеп  велат дека тие како општина заедно со Јавните претпријатија и со посебен надзор од Националната Установа „Завод и музеј“-Прилеп пристапиле кон расчистување и уредување на просторот во и околу „Чарши-џамијата“ во Прилеп, а според информациите од општината просторот ќе биде целосно исчистен, уреден, осветлен и ограден.           „В о координација со Јавните комунални претпријатија и под посебен надзор на НУ„Завод и музеј“-Прилеп, пристапуваме кон внимателно расчистување и уредување на просторот околу овој локалитет. Просторот ќе биде исчистен, уреден, оград...

Прилеп доби специјализирано возило за собирање на отпад

Слика
  Во Прилеп треба да пристигнат уште 8 такви возила...      Во текот на вчерашниот ден во Општина Прилеп беше транспортирано првото од вкупно деветте специјализирани возила за собирање и транспорт на отпад. Овие специјализирани возила општината ги добива преку Министерството за животна средина и просторно планирање во рамки на програмата за управување со цврст отпад која што е регионална.      Градоначалникот на Општина Прилеп вели дека возилото има вкупен капацитет од 8 кубни метри, а според Проданоски во наредниот период етапно се очекува испораката на уште 7 други такви специјализирани возила за собирање и транспорт на цврст отпад во Прилеп.      „ Станува збор за возило со капацитет од 8 кубни метри, кое е дел од вкупно 9 специјализирани камиони што ќе ги добие Општина Прилеп во рамки на регионалниот проект за управување со цврст отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион. Во наредниот период, етапно ќе бидат испорачани уште 5 спе...

Замена на ивичиниците на булеварот „Александар Македонски“ во Прилеп

Слика
  Замената е корективна... Во текот на вчерашниот ден по барање на жителите, деловните субјекти и институциите кои се наоѓаат на булеварот „Александар Македонски“ во Прилеп од Општина Прилеп извршија корективен зафат со тоа што беа отстранети дел од ивичниците, бидејќи истите предизвикуваа пробел при паркирањето на возилата во овој дел од градот. Покрај корективната промена на ивичниците беше направена и нивелација на шахтите. „ Со цел да обезбедиме подобра пристапност и поголема безбедност, извршивме замена на ивичњаците и нивелирање на шахтите. Овие активности се преземаат за да одговориме на реалните потреби на граѓаните и институциите и да обезбедиме пофункционално и долгорочно решение.“- пишува во фејзбук соопштението до јавноста од градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Во соопштението од градоначалникот Проданоски се вели дека ќе има и следна фаза за уредување на тротоарите со што дополнително ќе подобарт условите за движење и безбедност на пешаците. „ Во следн...

Ученици од СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп ќе мерат шеќер во крвта и витаминско-минерален статус во центраот на Прилеп

Слика
Овој настан ќе се случи пред Камената бина во центарот на Прилеп... Утре (среда 04.3.2026 година) од 11:00 часот претпладне до 14:00 часот попладне ученици и професори од здравствената струка и профилот фармацевтски техничар при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп пред Камената бина во центарот на Прилеп на случајните минувачи и посетители ќе им мерат ниво на шеќер во крвта и витаминско-миерален статус. Покрај тоа минувачите и посетителите на настснот ќе имаат можност да разгледаат и да купат некој од нивните фармацевтски производи кои се произведени во училишната лабораторија која има најсовремен прибор за практична работа и подготовка на навистина убави и квалитетни фармацевтски и козметички производи. Покрај мерењето на нивото на глукоза во среум, витаминско-минералниот статус и разгледувањето на фармацевтските производи посетителите ќе можат да уживаат и во музички дел за кој ќе се погрижат од добропознатиот и признат прилепски рок-бенд The Doctors. Инаку, настанот годинава се одрганизира по ...

Прилепскиот карневал Прочка го врати својот препознатлив сјај (фото)

Слика
Четири дена настани за традиционалното одбележување на празникот Велики Поклади-Прочка во Прилеп... Многу забава, многу музика и шега денеска во центарот на Прилеп каде што се одржа и големиот традиционален карневал Прочка 2026. Карневалот годинава го врати својот препознатлив стил со тоа што повторно имаше гости од соседните земји.           Градоначалиникот на Прилеп, Дејан Проданоски вели дека годинава го вратиле интернационалниот дух на карневалот, а до година Проданоски очекува многу побогати маски кои ќе се најдат на карневалското дефиле. „Оваа година го враќаме интернационалниот дух на карневалот и се надевам дека наредната година ќе имаме уште побогати маски кои ќе се најдат тука на дефилето во центарот на Прилеп.“ -вели Дејан Проданоски, градоначалникот на Општина Прилеп.           Проданоски додава и дека двата големи јубилеи едниот е по повод 25 годишнината од постоењето на карнева...