Прилеп доби специјализирано возило за собирање на отпад
Во Прилеп треба да пристигнат уште 8 такви возила...
Во текот на вчерашниот ден во Општина Прилеп беше транспортирано првото од вкупно деветте специјализирани возила за собирање и транспорт на отпад. Овие специјализирани возила општината ги добива преку Министерството за животна средина и просторно планирање во рамки на програмата за управување со цврст отпад која што е регионална.
Градоначалникот на Општина Прилеп вели дека возилото има вкупен капацитет од 8 кубни метри, а според Проданоски во наредниот период етапно се очекува испораката на уште 7 други такви специјализирани возила за собирање и транспорт на цврст отпад во Прилеп.
„Станува збор за возило со капацитет од 8 кубни метри, кое е дел од вкупно 9 специјализирани камиони што ќе ги добие Општина Прилеп во рамки на регионалниот проект за управување со цврст отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион. Во наредниот период, етапно ќе бидат испорачани уште 5 специјализирани комунални возила со капацитет од 12 кубни метри, уште едно возило со капацитет од 8 кубни метри и 2 помали камиони со капацитет од 6 кубни метри.“-вели Дејан Проданоски, градоначалникот на Општина Прилеп.
Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, додава и дека со оваа комунална опрема значително ќе се зајакне ефикасноста на комуналните услуги и се прави важен чекор кон воспоставување на интегриран и одржлив систем за управување со отпад кои е усогласен со европските директиви за отпад и депонии.
„Со оваа комунална опрема значително ќе ја зајакнеме ефикасноста на комуналните услуги и ќе направиме важен чекор кон воспоставување на интегриран и одржлив систем за управување со отпад, усогласен со европските директиви за отпад и депонии. Со новата комунална опрема за справување со цврстиот отпад правиме конкретен чекор кон почиста животна средина, повисок квалитет на живот и намалено загадување, како и значително подобрување на јавната хигиена во нашиот град.“-додава Дејан Проданоски, градоначалникот на Општина Прилеп.





Коментари
Постави коментар