Новогодишен базар во Прилеп од 24 до 31 декември
Базарот ќе го носи името „Прилепска празнична приказна“...
Новогодишните празници се веќе на прагот, а во овој момент на големо се прават подготовки и планови за дочекот на новата 2026 година. Во центарот на Прилеп годинава за прв пат ќе се одржи (пред) новогодишна манифестација која всушност ќе претставува новогодишен базар.
Манифестацијата ќе се одржи под мотото „Прилепска празнична приказна“, а истата ќе се одржува седум дена од 24 до 31 декември 2025 година на плоштадот „Методија Анонов-Ченто“ во Прилеп.
„Прилепска празнична приказна“ за прв пат оваа година ќе
биде под покровителство на прехранбената индустрија „Витаминка“ која во 2026 година одбележува 70 години од постоењето.
Имено, Дејан Проданоски градоначалникот на Општина Прилеп вели дека Прилеп ќе живее во празничен дух со многу богата програма, музички настани, подароци и забава за сите генерации. Проданоски упати и благодарност до команијата „Витаминка“ која е покровител на настанот и компанија која во 2026 година ќе одбележи 70 години од нејзиното постоење.
„Оваа година Прилеп ќе живее во вистински празничен дух, со богата седумдневна програма, многу изненадувања, музички настани, креативни активности и незаборавна забава за сите генерации. Посебна благодарност упатувам до компанијата „Витаминка“ која е покровител на Новогодишниот базар, а која во годината која ја дочекуваме одбележува 70 години постоење. „Витаминка“ ќе внесе волшебство и празнична магија во нашиот базар.“-вели Дејан Проданоски, градоначалникот на Општина Прилеп.
#Локално

Коментари
Постави коментар