Замена на ивичиниците на булеварот „Александар Македонски“ во Прилеп

 Замената е корективна...

Во текот на вчерашниот ден по барање на жителите, деловните субјекти и институциите кои се наоѓаат на булеварот „Александар Македонски“ во Прилеп од Општина Прилеп извршија корективен зафат со тоа што беа отстранети дел од ивичниците, бидејќи истите предизвикуваа пробел при паркирањето на возилата во овој дел од градот. Покрај корективната промена на ивичниците беше направена и нивелација на шахтите.

Со цел да обезбедиме подобра пристапност и поголема безбедност, извршивме замена на ивичњаците и нивелирање на шахтите. Овие активности се преземаат за да одговориме на реалните потреби на граѓаните и институциите и да обезбедиме пофункционално и долгорочно решение.“-пишува во фејзбук соопштението до јавноста од градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.

Во соопштението од градоначалникот Проданоски се вели дека ќе има и следна фаза за уредување на тротоарите со што дополнително ќе подобарт условите за движење и безбедност на пешаците.

Во следната фаза ќе се реализира и уредување на тротоарите, со што дополнително ќе се подобрат условите за движење и безбедноста на пешаците.“-се вели во соопштението од Дејан Проданоски, градоначалникот на Општина Прилеп.

Инаку, во текот на изминатата 2025 година на булеварот „Александар Македоснки“ на потегот од кај зградата на Водовод до кај раскрсницата „Чумовчанец“ беше направено целосна реконструкција на оваа градска патна инфраструктура.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Од „Пушти коси“ до „ И тебе сам сит кафано“ синоќа на Пиво фестивалот во Прилеп

Прилеп со 8 милиони евра ќе инвеститра нови развојни програми