Се уредува „Чарши-џамијата“ во Прилеп
Овој веќе културен споменик се наоѓа во центарот на Прилеп...
Заштитеното културно богатсво кое што се наоѓа во срцето на страта прилепска чаршија веднаш до прилепската саат кула „Чарши-џамијата“ која што претсавува историско културно наследство со години е во многу лоша и руинирана состојба.
Од Општина Прилеп велат дека тие како општина заедно со Јавните претпријатија и со посебен надзор од Националната Установа „Завод и музеј“-Прилеп пристапиле кон расчистување и уредување на просторот во и околу „Чарши-џамијата“ во Прилеп, а според информациите од општината просторот ќе биде целосно исчистен, уреден, осветлен и ограден.
„Во координација со Јавните комунални претпријатија и под посебен надзор на НУ„Завод и музеј“-Прилеп, пристапуваме кон внимателно расчистување и уредување на просторот околу овој локалитет. Просторот ќе биде исчистен, уреден, ограден и соодветно осветлен, со почит кон неговото историско значење.“-се вели во соопштението од Општина Прилеп.
Во општинското соопштение се додава и дека различностите мора да се почитуваат, а културното наследство мора да се чува.
„Различностите мора да ги почитуваме, а културното наследство да го чуваме. Само така градиме достоинствен и европски Прилеп, град во кој се негува историјата и се гради мултикултурно општество. Прилеп и прилепчани го заслужуваат тоа.“-се додава во соопштението од Општина Прилеп.
Инаку, увид во овие активности за зачувување и расчистување на „Чарши-џамијата“ во Прилеп викенов направи и Дејан Проданоски, градоначалникот на Општина Прилеп.
#Локално




Коментари
Постави коментар