Постови

Приказују се постови за август, 2023

Бесплатен оброк за сите првачиња во Прилеп

Слика
 Бесплатен оброк за сите првачиња, по прв пат во Општина Прилеп... Првачињата од градот под марковите кули Прилеп оваа учебна 2023/2024 година ќе добиваат бесплатен оброк.Оваа информација беше објавена на официјалниот facebook профил на Општина Прилеп. „Општина Прилеп за оваа 2023/2024 учебна година обезбеди бесплатен оброк за секое прваче. Сите 664 првачиња од основните училишта од оптштина Прилеп оваа учебна година ќе добиваат бесплатен оброк составен од здрава храна. Целта е финансики да им олесниме на родителите, кој за прв пат ги запишуваат своите деца во училиште, но и правилна и навремена исхрана за развој на децата. Наште ученици заслужуваат квалитетно образование, но и добри услови за работа за што се залагаме сите ние, и локалната самоуправа и раководителите на образовните институции, за да создадеме можности за подобра иднина на нашите деца. Поставени за Прилеп!“ - стои во објавата на facebook профилот од Општина Прилеп.               ...

Србин се удави на плажа во Лефкада

Слика
 Триесет годишен Србин се удави на плажа во Лефкада (Република Грција)... Триесетгодишен србин жител на Крагујевац се удавил на плажа во Лефкада (Република Грција) додека пливал со неговата девојка и пријателите, пренесе српскиот портал Телеграф.рс Имено, трагедијата се случила во вторникот на плажата Магала Петра  во Каламанци. Како што пишуваат грчките медиуми, млад човек од Србија кој што бил жител на Крагујевац вегол во водата со своите пријатели и девојката додека имало големи бранови, а само по неколку минути го виделе онесвестен. Инаку, капачите за кратко време го извлекле од водата и се обидувале да му пружат помош додека да стигне брзата помош но било  безуспешно. За жал по пристигнувањето во болница од страна на лекар била констатирана смрт. По констатираната смрт од страна на лекар телото било пренесено на обдукција во одделот за судска медицина во Патрас. Како што дозанвме младиот човек на одмор бил со својата девојка и други двајца негови пријатели.   ...

Денес и утре се уписите на УКИМ- над 10.000 места за броцуши

Слика
 Денеска и утре (30.8 и 31.8 2023) се датумите за упис на студентите кој што ќе се запишат на 23-те факултети кој што се во состав на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“... Според податоците од конккурсот кој што го распиша УКИМ за студентската 2023/2024 година, има вкупно 10.473 слободни места. Од нив 5.047 се предвидени за редовни  студенти кој што се финансирани од државниот буџет, 4.439 се места за редовни со кофинансирање на студиите и 960 места се за вонредни студенти. Инаку, може да се запишат и странски студенти за кој што има утвредно број или процент од вкупниот број на запишани студенти за одредена студентска програма. Прелиминарната ранг-листа со резултати од успехот на кандидатите од средното образование ќе биде објавена на 4 септември. Приемните испити на факултетите  на кој што ги има, а кој што се во состав на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ ќе се одржат во петок на 01.09.2023 година, а резултатите се очекуваат да бидат објавени на 06.09.2023 година. Име...

Известување од градскиот превоз за време на „Prilep Beer Weekend“

Слика
 Известувње од градскиот превоз. Поради „Prilep Beer Weekend“ булеварот „Гоце Делчев“ ќе биде забранет за движење на сите возила, а автобусите ќе сообраќајот по вонредната неделна линија... Поради претстојниот фестивал на пивото и скарата „Prilep Beer Weekend“  булеварот Гоце Делчев во центарот на Прилеп ќе биде забранет за движење на сите видови на возила. „Поради тоа автобусите на Автобускиот Градски Превоз почнувајќи од среда (27.08) до понеделник (04.09) ќе сообраќаат по НЕДЕЛНА (ВОНРЕДНА) ЛИНИЈА почнувајќи од 6:30 часот од х.Салида односно 6:30 часот постојка Трло Варош на секои 60 минути, последно тргнување на автобусите ќе биди во15:30 часот од х.Салида односно Н.Гробишта. Со почит Автобуски Градски Превоз “ Се вели во соопштението кое што го дадоа од автобускиот градски превоз (АГП) од Прилеп.                                                  ...

Прилепчани на 27 сптември ќе уживаат во песните отпеани во проектот „Македонијо во срце те носиме“

Слика
 Прилепчани на 27-ми септември ќе уживаат во песните отпеани од врвните музички уметници вклучени во проектот „Македонијо во срце те носиме“ Проектот „Македонијо во срце те носиме“ во својата сопствена мапа на концерти не го изостави ниту градот под Марковите Кули, Прилеп. На 27-ми септември со почеток од 20 часот во ценатор на Прилеп прилепчани ќе можат да уживаат во песните кој што ги изведуваат 12 македонски изведувачи од светот на забавната и народната музика, при што истите ќе отпеат 12 македонски патриотски песни кој што се изработени во најнови современи аранжмани кој што ги изработи еден од најпознатите македонски композитори Николче Мицевски. Помеѓу учесниците се: Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Зуица Лазова, Наум Петрески, Мина Блажев, ДНК, Огнен Здравковски, Ламбе Алабаковски, Марија Спасовска, Бојана Скендеровски, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов. Станува збор за македонските песи  „Едно име имаме“ „Налеј најлен“ „Заветна“ „Народе македонски“ „Оган да г...

Нови цени на горивата-регулаторна на полноќ ќе донесе одлука

Слика
 Регулаторната комисија за енергетика на полноќ ќе донесе одлука за новите цени на горивата... Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе одлука за новите цени на горивата кој што ќе стапат на сила точно на полноќ. Согласно последната одлука која што ја донесе Регулаторната Комисија за Енергетика (РКЕ), цената на дизелот беше намалена за еден денар, а исто така за еден денар поскапе и бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, а додека пак цената  на ЕУРОСУПЕР БС-98 беше зголемена за 1,5 денари за литар. Во продолжение се наведени мометалните цени на горивата: -Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава за 87,50 денари за литар; -Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 90,00 денари за литар; -Дизел гориво ЕУРОСУПЕР БС (Д-Е V) се продава за 80,00 денари за литар; - ЕКСТРА ЛЕСНО (ЕЛ-1)   масло за горење се продава за 80,00 денари за литар; -Мазут М1 НС се продава за 46,025 денари за килограм.                       ...

Фестивалот на пивото и скарата повторно во Прилеп од 01 до 03 септември

Слика
 Фестивалот на пивото и скарата повторно во Прилеп од 01 до 03 септември но под новото име „Prilep Beer Weekend“... Добро познатиот прилепски фестивал на пивото и скарата „Пиво Фест“ кој што години наназад се одржуваше веднаш по празникот Петровден, оваа година беше одложен. Пред неколку дена во јавноста се појавија информациите дека фестивалот ќе се одржи во текот на првиот викенд од месец септември односно ќе се одржи од 01 до 03 септември и ќе трае 3 наместо 4 дена и е со ново име „Prilep Beer Weekend“ Музичката програма и артистите кој што ќе натапат на овогодинашниот фестивал е позната, а еве и кои се ќе настапи на трите фестивалски вечери односно петок, сабота и недела. 01.09.2023 година ќе настапат: -Ламбе Алабаковски -Миле Кузмановски -Тропико Бенд -Тијана Милентиевиќ На останатите два фестивалски вечери ќе настапат: -Аца Лукас -Христијан Настески-Пајак -Hurricane и други.                             ...

Концерт „30 прсти“ на 25 август во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Слика
 Концерт насловен како „30 прсти“ ќе се одржи во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... Утре со почеток од 20 часот во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе се оджи концерт на класична музика. На концертот ќе настапат Весна Ангелова, Марија Вршкова и Петар Макариевски. Влезот за утрешниот концерт од 20 часот што ќе се одржи во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп под наслов „30 прсти“ е слободен односно бесплатен.                                                                                        Гимел радио                                              #Култура Гимел огласник: Се продаваат бебешка облека и бебешки обувки. Повеќе информации на телефонскиот број ...

Изложба „Јас и моите пријатели“ во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Слика
 Изложбата „Јас и моите пријатели“ од синоќа е претсавена пред предприлепчани... Синоќа со почеток од 19:30 часот во ликовната галерија при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп беше отворена изложбата „Јас и моите пријатели“ од кумановскиот сликар Мики Трендафиловски. Мики Трендафиловски-уметник На изложбата беа претставени 11 дела на Мики Трендафиловски како и 35 дела, минијатури и мал формат од 35 автори од 11 држави како Франција, Англија, Канада, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Албанија и други. „Јас и моите пријатели“ е изложба која што нема граници и предрасуди како и поделби на мали и големи односно оваа изложба е изложба каде што делата се мали по димензии но се големи како по вредноста така и по квалитетот. Имено, на изложбата делата беа изработени во повеќе сликарски техники почнувајќи од молив, туш, акварел, масло, темпера, акрилик како и комбинирани техники кој што се плод на пријателите на Трендафиловски кој што всушност се и негови колеги, а так...