Изложба „Јас и моите пријатели“ во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп
Изложбата „Јас и моите пријатели“ од синоќа е претсавена пред предприлепчани...
Синоќа со почеток од 19:30 часот во ликовната галерија при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп беше отворена изложбата „Јас и моите пријатели“ од кумановскиот сликар Мики Трендафиловски.
На изложбата беа претставени 11 дела на Мики Трендафиловски како и 35 дела, минијатури и мал формат од 35 автори од 11 држави како Франција, Англија, Канада, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Албанија и други.
„Јас и моите пријатели“ е изложба која што нема граници и предрасуди како и поделби на мали и големи односно оваа изложба е изложба каде што делата се мали по димензии но се големи како по вредноста така и по квалитетот.
Имено, на изложбата делата беа изработени во повеќе сликарски техники почнувајќи од молив, туш, акварел, масло, темпера, акрилик како и комбинирани техники кој што се плод на пријателите на Трендафиловски кој што всушност се и негови колеги, а такви се:
- академик Васко Ташковски, Ацо Филиповски, Павле Кузмановски, Ниче Василев, Данчо Ордев, Стојче Гоцков, Бранко Кончалиев, Оливера Протиќ, Рајко Каришиќ, Драган Ѓорѓевиќ, Мајпејкер Јонсел, Мирјана Шимуновачки Шуњевариќ, Катарина Ѓорѓевиќ, Ѓура Дрљача, Пламен В’лчев, Јасмина Пајовиќ, Марија Ефтимова, Ајлин Гурбуз, Трајан Трајковски, Весна Маринковиќ Станковиќ, Цветанка Грнчарова, Никола Стојановиќ, Зорана Јовановиќ,Дарија Мазурина, Габриеле Шафрацик, Татјана Диденко, Емилија и Стојче Тоциновски, Анкица Верхас, Асмар Нариманбекова, Етхем Бајмак, Гроздан Крстевски, Надежда Зајкова, Соња Спироска Остојиќ, Ѓорѓе Станиќ и Александар Стефановски, како и на самиот Мики Трендафиловски.
Инаку, на отворањето на изложбата на Трендафиловски присутни беа академик Васко Ташковски и Александар Стефановски.
На изложбата која што беше отворена синоќа имаше повеќе присутни љубители на уметноста, а истата ќе може да се погледне во наредните две недели во ликовната галерија при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп.
Повеќе за атмосферата од отворањето на синоќешната изложба „Јас и моите пријатели“ погледнете од фотографиите во продолжение.
Гимел огласник:
Се продаваат бебешка облека и бебешки обувки. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883
Се продаваат две јамболии бела и црвена, цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883
Се продаваат два челични бандажи со број 195/50 R15. Бандажите се продаваат заедно со гуми. Повеќе информации на телефоснкиот број 075/589-232
Се продава еден алуминиумски бандаж со број 165/70 R13. Повеќе информации на телефоснките броеви 075/589-232 и 075/524-498 во стдиото на Гимел радио.
Се продава сосема нов народен тапан. Тапанот е изработен од јагнешка кожа. Повеќе информации на телефонскиот број 079/210-445
Во берберскиот салон „Чумко“ ви нудат стрижње, стрижење нула, стрижење на брада и бричење на брада. Се наоѓаат на улица „Васко Карангелески“ кај автобуската постојка Педанот. Работат од понеделник до сабота. Телефон контакт 076/977-070. Од берберскиот салон „Чумко“-Прилеп мислат на своите клиенти.
Се бара актерска екипа за снимање на скечеви, реклами, комедии и сл, исто така се бараат и сниматели и монтажери (само за сериозни). Повеќе информации на телефонскиот број 074/209-152
РадиоТелевизсики Сервис „Панасоник’’-Прилеп ви нуди поправка на секаков вид на телевизори, музички и ДВД плеери како и поправка на сателитски антени, мобилни телефони, видео плеери и други апарати за домаќинство. Се наоѓаат на улица „Ристо Секирчанец“ во Прилеп или барајте ги на телефонскиот број 077/755/844.
Коментари
Постави коментар