Се одржа Саем на домашни земјоделски производи во Прилеп

Во Прилеп се одржа Саем на домашни земјоделски производи... По повод денот на жените од руралните средини 15-ти октомври во Прилеп се одржа вториот по ред Саем на домашни земјоделски производи. Здружението ЛАГ Агро Лидер заедно во соработка со СОУ „Орде Чопела’-Прилеп во центарот на Прилеп го организираа настанот на домашни земјоделски производи, а беше со локација во старата прилепска чаршија пред платото кај градскиот прилепски саат. Саемот се одржа денес со почеток од 10 часот. На настанот присуствуваа околу 20 локални производители од Прилеп, Општина Долнени и Кривогаштани кој што ги промовираа своите органски производи како мед и медни производи, разно-разени макала и ајвари и многу други традиционални македонски креации кој што беа работени рачно. Инаку, учениците од СОУ „Орде Чопела“-Прилеп на саемот се претставија со своите производи како кифлички, лепчиња, погачи и медењаци кој што беа изработени во училишната пекарница. Задоволството беше уште поголемо затоа што ор...