Како се празнува 11 октомври во Прилеп?
Еве како се празнува 11 октомври т.е денот на народното македонско востание во Прилеп...
Вчера со почеток од 11 часот претпладне 1200 ученици од основните и средните училиште во Општина Прилеп по пет години пауза повторно го формираа македонското знаме кое што беше со големина од 24 на 12 метри, а истото беше формирани на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ во Прилеп.
Официјалната програма за чествувањето на 11 октомври започна синоќа во 19 часот пред камената бина во Прилеп со богата културно уметничка програма, а нешто подоцна преку официјалната празнична честитка и празничен говор градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески им го честиташе празникот и денот на македонското народно востание 11 октомври на своите прилепски сограѓани, а истиот беше проследен со внимание и громогласен аплауз од страна на присутните прилепчани пред камена бина и во центарот на Прилеп.
Имено, веднаш по говорот на Борче Јовчески, градоначалник на Општона Прилеп започна и импровизираниот напад на градот и прилепскиот участак, а веднаш потоа следеше и спекаткуларниот огномет кој што синоќа направи извонреден колаж од бои на прилепското небо.
Инаку, годинава се одбележуваат 82 години од подигнувањето на македонското востание против фашистичкиот окупатор. Чествувањето кое започна синоќа продолжува и денес со положување цеќе и оддавање почит на спомениците на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифоски-Питу како и на Могилата на непобедените односно во Пркот на Револуцијата во Прилеп.
Дежурнатра екипа на Гимел радио ви го честита денот на народното македонско востание 11 октомври, а исто така ви посакува убаво празнично расположение!
#Култура
Гимел радио
Гимел огласник:
Се продаваат бебешка облека и бебешки обувки. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883
Се продаваат две јамболии бела и црвена, цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883
Се продаваат два челични бандажи со број 195/50 R15. Бандажите се продаваат заедно со гуми. Повеќе информации на телефоснкиот број 075/589-232
Се продава еден алуминиумски бандаж со број 165/70 R13. Повеќе информации на телефоснките броеви 075/589-232 и 075/524-498 во стдиото на Гимел радио.
Се продава сосема нов народен тапан. Тапанот е изработен од јагнешка кожа. Повеќе информации на телефонскиот број 079/210-445
Во берберскиот салон „Чумко“ ви нудат стрижње, стрижење нула, стрижење на брада и бричење на брада. Се наоѓаат на улица „Васко Карангелески“ кај автобуската постојка Педанот. Работат од понеделник до сабота. Телефон контакт 076/977-070. Од берберскиот салон „Чумко“-Прилеп мислат на своите клиенти.
Се бара актерска екипа за снимање на скечеви, реклами, комедии и сл, исто така се бараат и сниматели и монтажери (само за сериозни). Повеќе информации на телефонскиот број 074/209-152
РадиоТелевизсики Сервис „Панасоник’’-Прилеп ви нуди поправка на секаков вид на телевизори, музички и ДВД плеери како и поправка на сателитски антени, мобилни телефони, видео плеери и други апарати за домаќинство. Се наоѓаат на улица „Ристо Секирчанец“ во Прилеп или барајте ги на телефонскиот број 077/755/844.
Коментари
Постави коментар