Се одржа Саем на домашни земјоделски производи во Прилеп
Во Прилеп се одржа Саем на домашни земјоделски производи...
По повод денот на жените од руралните средини 15-ти октомври во Прилеп се одржа вториот по ред Саем на домашни земјоделски производи.
Здружението ЛАГ Агро Лидер заедно во соработка со СОУ „Орде Чопела’-Прилеп во центарот на Прилеп го организираа настанот на домашни земјоделски производи, а беше со локација во старата прилепска чаршија пред платото кај градскиот прилепски саат.
Саемот се одржа денес со почеток од 10 часот. На настанот присуствуваа околу 20 локални производители од Прилеп, Општина Долнени и Кривогаштани кој што ги промовираа своите органски производи како мед и медни производи, разно-разени макала и ајвари и многу други традиционални македонски креации кој што беа работени рачно.
Инаку, учениците од СОУ „Орде Чопела“-Прилеп на саемот се претставија со своите производи како кифлички, лепчиња, погачи и медењаци кој што беа изработени во училишната пекарница.
Задоволството беше уште поголемо затоа што организаторите исто така понудија и културно-уметничка програма на која што свој настап зедоа музичкиот бенд „Библиотека“ како и КУД „Мирче Ацев-Прилеп.
За најмладите, дечињата имаше организирано забавно катче каде што тие се запознаваа со земјоделските продукти како и со здравиот начин на исхрана.
Саемот на домашните земјоделски производи беше поддржан од Општина Прилеп, ЛАГ Агро Лидер, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство како и од RRD SWG.
#Локално
Гимел радио
Гимел огласник:
Се продаваат бебешка облека и бебешки обувки. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883
Се продаваат две јамболии бела и црвена, цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883
Се продаваат два челични бандажи со број 195/50 R15. Бандажите се продаваат заедно со гуми. Повеќе информации на телефоснкиот број 075/589-232
Се продава еден алуминиумски бандаж со број 165/70 R13. Повеќе информации на телефоснките броеви 075/589-232 и 075/524-498 во стдиото на Гимел радио.
Во берберскиот салон „Чумко“ ви нудат стрижње, стрижење нула, стрижење на брада и бричење на брада. Се наоѓаат на улица „Васко Карангелески“ кај автобуската постојка Педанот. Работат од понеделник до сабота. Телефон контакт 076/977-070. Од берберскиот салон „Чумко“-Прилеп мислат на своите клиенти.
Се бара актерска екипа за снимање на скечеви, реклами, комедии и сл, исто така се бараат и сниматели и монтажери (само за сериозни). Повеќе информации на телефонскиот број 074/209-152
РадиоТелевизсики Сервис „Панасоник’’-Прилеп ви нуди поправка на секаков вид на телевизори, музички и ДВД плеери како и поправка на сателитски антени, мобилни телефони, видео плеери и други апарати за домаќинство. Се наоѓаат на улица „Ристо Секирчанец“ во Прилеп или барајте ги на телефонскиот број 077/755/844.
Коментари
Постави коментар