Претседателот Пендаровски со новогодишна честитка до граѓаните на Македонија

Македонскиот претседател Стево Пендаровски упати новогодишна честитка до граѓаните на Република Македонија... „Зад нас е уште една тешка година во која немавме многу причини за радост и славење. Глобалните кризи, заедно со нашите хронично присутни домашни проблеми, придонесоа повеќе да размислуваме за ублажување на последиците, отколку за развој. Ефектите ги гледаме околу нас: апатија, недоверба и разочараност кај граѓаните. Меѓутоа, низ историјата сме поминале и низ многу потешки времиња и не сме ги загубиле вербата и надежта. Потребно е да се вратиме на вредностите кои му даваат смисла на животот. Во новата година да бидеме подобри, посолидарни, потолерантни и како поединци и како заедница. Да ги надминеме недоразбирањата кои со години нè држат во место. Наместо на трката по материјални добра, да ѝ дадеме приоритет на добрината, да си помагаме едни на други, да градиме хумано и благородно општество. Најискрено, посакувам во 2024-та да нè служи, пред сè, здравјето. Без разлика н...