Временска прогноза. За новогодишната ноќ ќе има магла

Според податоците од УХМР времето за новогодишната ноќ ќе биде тивко и мирно, а ќе има и појава на магла...

Прогноза за 30.11.2023 година (сабота)

Според податоците од УХМР времето денес ќе биде сончево со мала до умерена, а во попладневните часови со зголемена облачност. По котлините ќе има магла која во попладневните часови ќе се намали, а во текот на вечерните и ноќните часови повторно ќе се формира. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -5 до највисоки 14 степени целзиусови.


Прогноза за 31.12.2023 година (недела)
Според податоците на УХМР времето утре ќе биде сончево со умерена облачност и релативно тивко. По котлините ќе има појава на магла која што од пладневните часови ќе се намалува, а во вечерните часови повторно постепено ќе се формира магла. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -4 до највисоки 14 степени целзиусови.


Прогноза за 01.01.2024 година (понеделник)

Според податоците од УХМР на првиот ден од новата година не очекува сончево со мала до умерена облачност време. По котлините ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе слабее, а во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -5 до највисоки 15 степени целзиусови.

Прогноза за 02.01.2024 година (вторник)

Според податоците од УХМР времето ќе биде променливо облачно. Во текот на претпладневните часови ќе има појава на повремени локални врнежи од дожд, претежно во западните и северните делови од државава. Во текот на попладневните часови облачноста ќе се намали и ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен првец. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -1 до највисоки 14 степени целзиусови.

Прогноза за 03.01.2024 година (среда)

Според податоците од УХМР времето ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по котлините. Во текот на попладневните часови претежно во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, а исто така ќе дува ислаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -3 до највисоки 14 степени целзиусови.


Временска најава

Продолжува периодот на релативно топло време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет и пониски дневни температури. Во вторник и среда односно во текот на вториот и третиот ден од новата година. Во западните делови од државава ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Ивор на информации: УХМР на Македонија

#Сервисни информации






Гимел огласник:

Се продава куќа во село Беловодица (прилепско). Куќата е легализирана и со документи, а цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 071/740-449

Се продава автомобил Fiat Multiged 1.6 со поминати 150.000km. Автомобилот е со направен фул-сервис. Контакт телефон 077/755-844

Се продаваат бебешка облека и бебешки обувки. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883

Се продаваат две јамболии бела и црвена, цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883

Се продаваат два челични бандажи  R15. Бандажите се продаваат заедно со гуми, a гумите се со број 175/50. Повеќе информации на телефоснкиот број 075/589-232

Во берберскиот салон „Чумко“ ви нудат стрижње, стрижење нула, стрижење на брада и бричење на брада. Се наоѓаат на улица „Васко Карангелески“ кај  автобуската постојка Педанот. Работат од понеделник до сабота. Телефон контакт 076/977-070. Од берберскиот салон „Чумко“-Прилеп мислат на своите клиенти.

Во „Марија шминка и фризура“ ви нудат шминка и фризура но без високи уметнички фантазии. Се наоѓаат на улица „Горан Миноски“ број 86 или стара улица „Београдска“. Телефон за контакт 075/330-188.

РадиоТелевизсики Сервис „Панасоник’’-Прилеп ви нуди поправка на секаков вид на телевизори, музички и ДВД плеери како и поправка на сателитски антени, мобилни телефони, видео плеери и други апарати за домаќинство. Се наоѓаат на улица „Ристо Секирчанец“ во Прилеп или барајте ги на телефонскиот  број 077/755/844.

Радио Гимел ви нуди можност за симнување на песни во УСБ стик. Повеќе информации на телефонскиот број 075/524-498 во студиото на Гимел радио.

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови