Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска најави богата културна програма за 2024 година
Министераката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска најави побогата културна програма за 2024 година...
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеса со новинарите оствари предновогодишна средба на која што ја резимираше годината која што измина како и достигнувањата во својот ресор, а исто така ги најави и следните активности за 2024 година.
Имено, Стојчевска ги брифираше новинарите за текот на одлучување по годишни конкурски, а информираше за стратегиските и за нормативните акти во културата на кои што темелно се работи. Некои од нив на почетокот од нареднава година поточно во јануари 2024 година ќе бидат дотапни на ЕНЕР како и на јавната расправа, а се дел од културната заштита во Охридксиот Регион. Министерката на денешниот брифинг со новинарите повторно упати апел до претседателот на Комисијата за култура на Собранието, Кастриот Реџепи, да не се кочи натамошната постапка за донесување на законот за употребата на македонкиот јазик.
„Јазикот е заштитено нематерјално културно наследство“, рече министерката за култура која ги повтори придобивките од носење на овој закон. „Овој закон ја унапредува примената на македонскиот јазик и во него е предвидено задолжителното вработување на лектор во секоја институција, задолжително лекторирање, што ќе биде привлечно и за нови работни места. Друга новина е воведување на работата на Инспекторатот, област во која има одредби кои се усогласени со новиот Кривичен законик. Овој закон ќе овозможи одредени измени во Законот за основно, средно и високо образование“-изјави Костадиновска-Стојчевска за медиумите.
Костадиновска-Стојчевска спомна и дел од проектите од изминатава 2023 година во која штп се финализираше административниот процес и старо училиште во с.Љубојно, почнува со реновирање во јануари. Потоа ја истакна успешната работа и оправданоста на формирањето на новите установи како Камерниот орекстар-Битола и Џез оркестарот, за кои се обезбедени услови за работа.
Интересот на новинарите беше насочен кон примо-предавањето на Универзалната сала во Скопје, а министерката кажа дека вчера Град Скопје ја предал документацијата на Министерството за Култура, и дека реновирањето може да започне, а планираниот рок за реновирање е во времетраење од три години.
Имено, Костадиновска-Стојчевска најави конзервација на иконите од првата реституција во државава и отпочнување на постапката за враќање на украдените икони од Албанија.
„Се радувам на видливите резултати во сите дејности, богатството и разноликоста на уметнички содржини, инвестициите во инсфраструктурата, кои во 2024 година ќе бидат уште поатрактивни за граѓаните и за корисниците, ќе продолжат да бидат актуелни и привлечни за 7-та светска сила“-додава Костадиновска-Стојчевска, министерката за култура.
Инаку, министерката за култура искажа благодарност до медиумите за интересот кој што го имаат за темите од областа на културата, со кој го држат вниманието на јавноста и ја прават поблиску до граѓаните.
#Култура
Гимел огласник:
Се продава куќа во село Беловодица (прилепско). Куќата е легализирана и со документи, а цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 071/740-449
Се продава автомобил Fiat Multiged 1.6 со поминати 150.000km. Автомобилот е со направен фул-сервис. Контакт телефон 077/755-844
Се продаваат бебешка облека и бебешки обувки. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883
Се продаваат две јамболии бела и црвена, цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883
Се продаваат два челични бандажи R15. Бандажите се продаваат заедно со гуми, a гумите се со број 175/50. Повеќе информации на телефоснкиот број 075/589-232
Во берберскиот салон „Чумко“ ви нудат стрижње, стрижење нула, стрижење на брада и бричење на брада. Се наоѓаат на улица „Васко Карангелески“ кај автобуската постојка Педанот. Работат од понеделник до сабота. Телефон контакт 076/977-070. Од берберскиот салон „Чумко“-Прилеп мислат на своите клиенти.
Во „Марија шминка и фризура“ ви нудат шминка и фризура но без високи уметнички фантазии. Се наоѓаат на улица „Горан Миноски“ број 86 или стара улица „Београдска“. Телефон за контакт 075/330-188.
РадиоТелевизсики Сервис „Панасоник’’-Прилеп ви нуди поправка на секаков вид на телевизори, музички и ДВД плеери како и поправка на сателитски антени, мобилни телефони, видео плеери и други апарати за домаќинство. Се наоѓаат на улица „Ристо Секирчанец“ во Прилеп или барајте ги на телефонскиот број 077/755/844.
Радио Гимел ви нуди можност за симнување на песни во УСБ стик. Повеќе информации на телефонскиот број 075/524-498 во студиото на Гимел радио.
Коментари
Постави коментар