Постови

Приказују се постови за мај, 2024

Македонија одлучи Гордана Сиљановска-Давкова е новиот претседател на Македонија

Слика
Македонија од нејзиното осамостојување по седми пат гласа на претседателски избори и за прв пат ја доби првата жена претседател. Гордана Сиљановска-Давкова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е новиот претседател на Македонија... Денес 8 мај Македонија по седми пат гласаше на претседателски и по единаесетти пат на парламентарни  избори од нејзиното осамостојување. Убедлива победа како во првиот така и во вториот круг од претседателските избори 2024 година однесе Гордана Сиљановска-Давкова која е кандидат за претседател на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Имено, како и на плоштадот „Македонија“ во Скопје така и на плоштадот „Методија Андонов-Ченто’’ во Прилеп и на сите плоштади ширум земјава членовите на ВМРО-ДПМНЕ ја просалвуваат победата на нивниот кандидат Сиљановска-Давкова   за претседател на републикава. На прославата на   плоштадот во Прилеп свое обраќање имаше прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, кои порача дека град Прилеп е пример за тоа како се б...

Денеска се одбележува 3 мај светскиот ден на слободниот говор на медиумите и медиумските работници

Слика
Денеска е 3 мај меѓународниот ден на слободата на медиумите и медиумските работници од целиот свет... Слободата на медиумите е тесно поврзана со правото на пристап на информации. Над 2 000 медиумски работници во нашата држава земаат подпросечна плата, а голем дел имаат намера да ја напуштат оваа професија. Последниве години и се помалку студенти се запишуваат на овој факултет. Додека пак, на светско ниво околу 120 медиумски работници го загубиле животот. Во име на 3 Мај-светскиот ден на слобода на медиумите, Здружението на новинари и Синдикатот на новинари и медиумски работници организираа крводарителска акција. Овој ден е потсетник за ризиците со кои се соочуваат медиумските работници во име на граѓаните.  „Не треба да заборавиме дека слободата на емдиумите се темели на два фундаменти: здравото работно место и слободата на изразувањето, односно правото на слободна мисла. Оттука треба да си го поставиме прашањето дали ние работиме во такви услови?“ - вели Павеле Беловски претседат...

Се одржа државното првенство во карате за деца од 10 до 14 години, а прилепскиот карате клуб „Бонсаи“ се пласираше на балканско карате првенство во Истанбул

Слика
Во Гевгелија се одржа првенството во карате за деца од 10 до 14 години, а прилепскиот карате клуб „Бонсаи“ освои 20 медали и се’ пласираше на балканско првенство... На 27.4.2024 година во Гевгелија се одржа државното првенство за деца на возраст од 10 до 14 години. Имено, на ова првенство прилепскиот карате клуб „Бонсаи“ освои 20 медали во кати и борби и се пласираше на балканско карате првентво што ќе се одржи на карјот од месец мај годинава. Натпреварувачите Бонита Велкоска, Теодор Стојановски, Алексеј Петрески, Софија Димеска, Благица Јошеска, Сара Спиркоска, Христијан Димески, Максим Петрески, Јована Маркоска, Габриел Ламбевски, Иринеј Дурлинов, Патриција Наумоска, Анастасија Ангелеска, Софија Крстевска, Цвете Миланоска, Марио Ангелески, Иво Качаков и Леонид Белески од карате клубот „Бонсаи“ од Прилеп освои медали во кати и борби и се пласираа на балканското карате првенство што се одржува во Истанбул, Турција на крајоот од месец мај годинава. Членовите и инструкторите од карате кл...