Се одржа државното првенство во карате за деца од 10 до 14 години, а прилепскиот карате клуб „Бонсаи“ се пласираше на балканско карате првенство во Истанбул
Во Гевгелија се одржа првенството во карате за деца од 10 до 14 години, а прилепскиот карате клуб „Бонсаи“ освои 20 медали и се’ пласираше на балканско првенство...
На 27.4.2024 година во Гевгелија се одржа државното првенство за деца на возраст од 10 до 14 години.
Имено, на ова првенство прилепскиот карате клуб „Бонсаи“ освои 20 медали во кати и борби и се пласираше на балканско карате првентво што ќе се одржи на карјот од месец мај годинава.
Натпреварувачите Бонита Велкоска, Теодор Стојановски, Алексеј Петрески, Софија Димеска, Благица Јошеска, Сара Спиркоска, Христијан Димески, Максим Петрески, Јована Маркоска, Габриел Ламбевски, Иринеј Дурлинов, Патриција Наумоска, Анастасија Ангелеска, Софија Крстевска, Цвете Миланоска, Марио Ангелески, Иво Качаков и Леонид Белески од карате клубот „Бонсаи“ од Прилеп освои медали во кати и борби и се пласираа на балканското карате првенство што се одржува во Истанбул, Турција на крајоот од месец мај годинава.
Инаку, инструкторите Валентина Пурдеска и Дамјан Ристески се задоволни од постигнатиот успех, а на сите натпреварувачи им посакуваат успеси на балканското карате првенство во Истанбул.
Христијан Ангелески
Коментари
Постави коментар