Македонија одлучи Гордана Сиљановска-Давкова е новиот претседател на Македонија

Македонија од нејзиното осамостојување по седми пат гласа на претседателски избори и за прв пат ја доби првата жена претседател. Гордана Сиљановска-Давкова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е новиот претседател на Македонија...

Денес 8 мај Македонија по седми пат гласаше на претседателски и по единаесетти пат на парламентарни  избори од нејзиното осамостојување.

Убедлива победа како во првиот така и во вториот круг од претседателските избори 2024 година однесе Гордана Сиљановска-Давкова која е кандидат за претседател на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, како и на плоштадот „Македонија“ во Скопје така и на плоштадот „Методија Андонов-Ченто’’ во Прилеп и на сите плоштади ширум земјава членовите на ВМРО-ДПМНЕ ја просалвуваат победата на нивниот кандидат Сиљановска-Давкова  за претседател на републикава.

На прославата на  плоштадот во Прилеп свое обраќање имаше прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, кои порача дека град Прилеп е пример за тоа како се брани македонштината.

 „Прилепчани мои сограѓани ви благодарам на храброста и на силата што ја покажавте, не потклекнавте и уште еднаш покажавме и докажавме дека Прилеп е пример како се’ брани македонштината, а  исто така допрва не чекаат храбри и одлучни момети вистински да покажеме дека Македонија припаѓа на нас македонците, на македонскиот народ и сите други кои што живеат во нашата татковина Република Македонија. Ве молам да продолжиме со истиот делан, да дадете поддршка и наредната влада навистина да покаже како се управува со нашата Република Македонија“-изјави прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.

На прославата во Прилеп говор одржа и претседателот на советот на Општина Прилеп и претседатолт на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски кои изјави дека се очекува многу работа за да се врати Македонија и дека очекува многу работа во целиот мандат.

„Почитувани членови на ВМРО-ДПМНЕ и почитувани сограѓани од прилепскиот плоштад „Методија Андонов-Ченто“ имам чест да ја објавам најголемата победа за ВМРО-ДПМНЕ и за Македонија. Почитувани браќа и сестри сакам да ја изразам огромната благодарност од името на Општинскиот Комитет и од цело раководство на ВМРО-ДПМНЕ да ви честитам за огромната победа која што ја направивте за вас, за нас и за Македонија. Да сте здрави и живи, да ни е здрава и жива Македонија. Една порака за вечерва ветуваме дека како што сработивме за оваа победа, така ќе работиме и Македонија да си ја вратиме да си биде повторно наша и да биде горда како што и заслужува. Иако имаме еуфорија сакам да ви најавам дека не очекува многу-многу работа да си ја вратиме Македонија. Очекувам поддршка како што дадовте денес, очекувам поддршка во цел мандат и очекувам секогаш да бидете на страната на Македонија и да живее Македонија“-изјави претседателот на советот на Општина Прилеп и претседател на Општинскиот Комитете на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски.

Атмосферата од прославата во Прилеп

На прослвата присутен беше и пратеникот во македонското собрание Петар Ристески кој рече дека ќе почне да се работи на нови економски инвестии, економски развој на здравтвото, образованието и земјоделство и се она што е потребно за достоен живот во државава.

„Сакам да ви се заблагодарам од се’ срце за се што направивте за ВМРО-ДПМНЕ, за Прилеп и за Македонија сите овие години, кога сите не погазуваа и  не понижуваа. Вие застанавте зад нас и кажавме дека против националните македонски интереси нема да се оди . Овде од плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ во Прилеп, навистина од се’ срце сакам да се заблагодарам на сите, но посебно на овие најмладиве што ги гледам сега со срце што работат како оние од деведесетта и пред тоа, што почнале. Сите оние што срцето го дале за Македонија и за Прилеп, и како што кажа претседателот, Дејан Проданоски од утре си ја враќаме Македонија во свои раце. Од утре почнуваме да работиме за Македонија, за нови еконимски инвестиции и за напредок како и за економски развој и образование, здравство и земјоделство и се што треба за достоен живот во Република Македонија, малдите да останат овде. Да  живее ВМРО-ДПМНЕ и да живее Македонија и Прилеп“-изјави прилепскиот пратеник во македонското собрание Петар Ристески.

На прославата за победата на Сиљановска-Давкова во Прилеп говор пред присутните одржа и прилепската пратеничка  во македонското собрание Ане Лашкоска,  која порача дека  може да се успее во власта и во опозицијата и упати благодарност за дадената поддршка на  овогодинашните претседателските и парламентарните избори како и за поддршката за изминатите неколку години.

„Покажавме дека заедно можеме да успееме и во власта и ви опозицијата. Покажавме дека седум години си ја сакаме Македонија, им посакувам успех на колегите кои што ќе бидат пратеници и знам дека достојно ќе не претсавуваат во собранието на Република Македонија. Ќе бидеме горди на нив во наредните четири години и знам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направи многи за Прилеп и за Република Македонија. Ви благодарам од срце  за поддршка која ни ја давате во сите изминати години и ветувам дека заедно ќе оствариме за ВМРО-ДПМНЕ, за Прилеп и за Македонија“-изјави прилепската пратеничка во Македонското собрание, Ане Лашкоска.

На прославата во Прилеп присутни беа и членовите на Оптинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп кои изјавија дека веруваат во сите присутни за дадената поддршка, а благодарност упатија и до членовите на УМС.

„Пред два дена од ова место кажавме „Добро вечер победнички Прилеп“. Веруваме во вас дека сите овде што сте присутни ја дадовте максималната поддршка за ВМРО и сите заедно ја донесовме оваа победа . Нјголема благодатрност упатуваме за поддршката од УМС што не поддржаа за се’ и повторно ќе кажеме „Еднаш УМС, секогаш УМС“ . Да живее Македонија и Прилеп“-порачаа членовите на УМС Прилеп од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Имено, на прославата во центарот на Прилеп по повод победата на Гордана Сиљановска-Давкова на претседателските избори свој музички настап имаше и фолкерката Елена Велевска која ги запеа македонските традиционални песни како што се „Земјо Македонска“ „Бисер Балкански“ „Налеј Налеј“ и други, а целата атмосфера беше проследена и со краткотраен ракетен огномет.

Инаку, досегашниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски и ја честиташе победата на Гордана Сиљановска-Давкова и и посака успех, а исто така информираше дека тој се враќа на неговата работа како професор на правниот факултет, каде што работеше и пред преземањето на функцијата претседател на Република Македонија пред четири т.е пет години.

„Мојот концепт за мултиетничка Македонија, целосно интегрирана од мултиетнички заедници денес не доби мнозинска поддршка од граѓаните. Меѓутоа, јас сум длабоко уверен дека таква Македонија може да биде суверенитетна и просперитетна. Според онаа првична анализа, не ги добив гласовите од албанската опозиција, бидјќи тие имаа сличен пристап кон своите гласачи. Неколкумина видни функционери гласаа и земаа две гласачки ливчиња, но според она што јас го имам како информација е дека најголем дел и од нивните гласачи, калкулирајќи дека утре ќе се најдат во идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, постапија многу слично со гласачите на ДУИ. Повторувам од замене непознати причини, од теснопартиски интереси направија таква калкулација и на организиран начин ги спречија луѓето да го сторат нивното гласачко право и да гласаат за претседател. Со тие претпоставени стотици излјади гласови, трката ќе беше далеку понеизвесна“-рече Пендаровски.


#политика

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови