Постови

Приказују се постови за новембар, 2025

Во Прилеп денеска се одржа еко-акција

Слика
Со еко-акцијата значително се намалија дивите депонии во градот... На околу 20 локации во Прилеп, но и во неговата околина се одржа најголемата еко-акција за почист Прилеп до сега. Во еко-акцијата учество зедоа Дејан Проданоски, градоначалникот на Општина Прилеп, претставници од ЈКП„Комуналец“-Прилеп и јавните институции како и граѓани, а акцијата броеше околу 1.000 луѓе. Дејан Проданоски, градоначалникот на Општина Прилеп вели дека најпрво треба да се подигне свеста, а потоа и јавните претпријатија да се на едно повисоко ниво за да може да има одржување на јавните површини, а спред Проданоски мора да се воведи и системот на присила. „Прво треба да ја подинеме свеста за ова што денес го правиме, второ јавните комунални претпријатија да се подигнат на едно повисоко ниво за да може да има одржување на јавните површини со механизација, и трето системот на присила мора да се воведе“ -вели Проданоски. Проданоски додава и дека планираат да направат неколку оградени локации кои станале ...

Секој четврток приемен ден со градоначалникот Дејан Проданоски

Слика
Средбите се закажуваат секој работен ден од 09:00 часот наутро до 15:00 часот попладне... Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски организира приемен ден. Премниот ден ќе биде четврток од 10:00 часот наутро. „ Секој четврток од 10:00 часот ќе имате можност лично да разговарате со мене за сите ваши прашања, идеи и проблеми што се однесуваат на нашата заедница. Вратата на Општина Прилеп ќе биде секогаш отворена! Нашата цел е транспарентност, соработка и решавање на реалните потреби на граѓаните.“- вели Проданоски. Средбите со прилепскиот градоначалник Проданоски може да се закажуваат секој работен ден од 09:00 часот натутро до 15:00 часот попладне на телефонскиот број 076/229-915. #Локално

Карате клубот „Бонсаи“ ќе ја претставува Македонија на балканското карате првенство во Риека

Слика
Карате првенството во Риека (Република Хрватска) ќе се одржи од 7 до 9 ноември 2025 година...   Каратистите на КК „Бонсаи“ ќе ја претставуваат Македонија на Балканското првенство во Риека Од 7 до 9 ноември 2025 година во Риека, Хрватска, ќе се одржи Балканското првенство во карате, на кое ќе учествува и македонскиот Карате клуб „Бонсаи“.  Клубот ќе настапи со петмина свои натпреварувачи: Јована Илиоска, Цвете Миланоска, Марија Јорданоски, Катерина Јорданоски и Леонид Белески, кои ќе се натпреваруваат во дисциплините ката (индивидуално и екипно) и кумите (индивидуално и екипно).  Натпреварувачите се под водство на тренерите Валентина Пурдеска и Дамјан Ристески, кои изминатиот период работеа интензивно со тимот во насока на техничка, физичка и ментална подготовка за настапот.  „Нашите каратисти се целосно подготвени и мотивирани. Веруваме во нивниот квалитет и се надеваме дека ќе го покажат најдоброто од себе на меѓународната сцена.“ -истакнаа тренерите Пурдеска и Рист...