Во Прилеп денеска се одржа еко-акција

Со еко-акцијата значително се намалија дивите депонии во градот...

На околу 20 локации во Прилеп, но и во неговата околина се одржа најголемата еко-акција за почист Прилеп до сега. Во еко-акцијата учество зедоа Дејан Проданоски, градоначалникот на Општина Прилеп, претставници од ЈКП„Комуналец“-Прилеп и јавните институции како и граѓани, а акцијата броеше околу 1.000 луѓе.

Дејан Проданоски, градоначалникот на Општина Прилеп вели дека најпрво треба да се подигне свеста, а потоа и јавните претпријатија да се на едно повисоко ниво за да може да има одржување на јавните површини, а спред Проданоски мора да се воведи и системот на присила.

„Прво треба да ја подинеме свеста за ова што денес го правиме, второ јавните комунални претпријатија да се подигнат на едно повисоко ниво за да може да има одржување на јавните површини со механизација, и трето системот на присила мора да се воведе“-вели Проданоски.

Проданоски додава и дека планираат да направат неколку оградени локации кои станале депонии со цел полесно отстранување на отпадот од страна на вработените во ЈКП„Комуналец“, а како што вели Проданоски ќе се поставува и видео-надзор со цел намалаување на отпадот.

„Плнираме да направиме и неколку оградени локации кои природно станле депонии за од тука да им биде полесно на работниците од ЈКП„Комуналец“ да ги чистат тие депонии од тие неколку пункта. Како идеја се развива и поставувањето на видео надзор на неколку клучни позиции во градов, а тоа го ветивме и во програмата. И тоа се развива како идеја и се надевам дека вгодина би имале и конкретен проект како тоа да се реализира и низ призмата на тоа зголемено присуство на камерите за видео надзор да се намали фрлањето на отпад“-додава Проданоски.

Имено, на територијата на Прилеп има само еден овластен инспектор за животна средина, а тоа е Цветанка Николоска која вели дека врши редовни, вонредни и инцидентни контроли, а според Николоска одлагањето на отпадот се врши во попладневните часови.

Јас имам редовни, вонредни и инцидентни надзори. Одлагањето на отпадот најчесто се врши во попладневните часови кога јас не сум на работа, а по законот за јавна чистота може да постапува и полицијата. Јас како едника не би можела да направам многу, бидејќи имам премногу обврски. Секако треба да се изрекува и казна за физичкото лице кое треба да се фати на лице место кога го одлага отпадот, потоа треба да се лигитимра и на крајот на се изрече казаната“-вели Николоска.

Инаку, денешната еко-акција во Прилеп се вршеше рачно и со механизација, а со неа значително се намалија дивите депонии во и околу градот под Марковите кули.


Фото: Facebook

#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

Времениот режим на сообраќај на патот кој ќе се гради од Прилеп до Битола договорен