Карате клубот „Бонсаи“ ќе ја претставува Македонија на балканското карате првенство во Риека
Карате првенството во Риека (Република Хрватска) ќе се одржи од 7 до 9 ноември 2025 година...
Каратистите на КК „Бонсаи“ ќе ја претставуваат Македонија на Балканското првенство во Риека Од 7 до 9 ноември 2025 година во Риека, Хрватска, ќе се одржи Балканското првенство во карате, на кое ќе учествува и македонскиот Карате клуб „Бонсаи“.
Клубот ќе настапи со петмина свои натпреварувачи: Јована Илиоска, Цвете Миланоска, Марија Јорданоски, Катерина Јорданоски и Леонид Белески, кои ќе се натпреваруваат во дисциплините ката (индивидуално и екипно) и кумите (индивидуално и екипно).
Натпреварувачите се под водство на тренерите Валентина Пурдеска и Дамјан Ристески, кои изминатиот период работеа интензивно со тимот во насока на техничка, физичка и ментална подготовка за настапот.
„Нашите каратисти се целосно подготвени и мотивирани. Веруваме во нивниот квалитет и се надеваме дека ќе го покажат најдоброто од себе на меѓународната сцена.“-истакнаа тренерите Пурдеска и Ристески.
Балканското првенство во Риека ќе собере каратисти од сите земји во регионот и претставува едно од најзначајните натпреварувања во календарот на Балканската карате федерација.
#Спорт


Коментари
Постави коментар