Постови

Германски божиќен базар впонеделник во Прилеп

Слика
Настанот ќе се одржи на 15 декември 2025 година во центарот на Прилеп... Здружението на наставници по германски јазик и Гете-институтот во Скопје, а во соработка со училиштата од Општина Прилеп за прв пат оргзнизираат божиќен базар по германски пример. Базарот ќе се одржи на 15.12.2025 година (понеделник) од 12:30 часот до 14:30 часот на градскиот плоштад „Методија Андонов-Ченто“ во центарот на Прилеп. Од Општина Прилеп велат дека базарот ја носи традиционалната магија на германските Божиќни базари во Прилеп. Ученици по германски јазик од основните и средните училишта од Прилеп и Македонија ќе ја доловат празничната магија на германските Божиќни базари преку игри, песни, украси, ракотворби и храна. „ Базарот ја носи магијата на традиционалните германски Божиќни пазари директно во нашата општина. Учениците љубители на германскиот јазик и култура од основните и средните училишта од Прилеп, но и од други градови низ Македонија, ќе ја доловат оваа празнична атмосфера преку игри, песни, нов...

Новогодишен базар во Прилеп од 24 до 31 декември

Слика
Базарот ќе го носи името „Прилепска празнична приказна“... Новогодишните празници се веќе на прагот, а во овој момент на големо се прават подготовки и планови за дочекот на новата 2026 година. Во центарот на Прилеп годинава за прв пат ќе се одржи (пред) новогодишна манифестација која всушност ќе претставува новогодишен базар. Манифестацијата ќе се одржи под мотото „Прилепска празнична приказна“, а истата ќе се одржува седум дена од 24 до 31 декември 2025 година на плоштадот „Методија Анонов-Ченто“ во Прилеп. „Прилепска празнична приказна“ за прв пат оваа година ќе биде под покровителство на прехранбената индустрија „Витаминка“ која во 2026 година одбележува 70 години од постоењето. Имено, Дејан Проданоски градоначалникот на Општина Прилеп вели дека Прилеп ќе живее во празничен дух со многу богата програма, музички настани, подароци и забава за сите генерации. Проданоски упати и благодарност до команијата „Витаминка“ која е покровител на настанот и компанија која во 2026 година ...

ПЗУ„Нов Живот“ место каде што започнува женското здравје

Слика
Грижата за  женското здравје и грижата за време на бременоста треба да бидат на прво место... ПЗУ„Нов Живот“ обезбедува целосна грижа низ секоја животна фаза од животот на жената. Од првите прегледи, преку следење на бременост со најсовремена опрема, до навремено откривање и третман на најголемите и најмалите проблеми. Со професионален пристап, современа дијагностика и индивидуална грижа, од ПЗУ„Нов Живот“ се тука за вашата здравствена сигурност и спокој. ПЗУ„Нов Живот“ се наоѓа во населбата Бончејца на улицата „Јоле Андоноски“ broj 5 веднаш до крвната лабораторија Албимини. Појдете во ПЗУ„Нов Живот“ на доктор гинеколг Александра Еклер или јавете се на телефонскиот број 070/232-221. #Локално

Се за вашите компјутери во INTEGRA системи

Слика
Компјутери, копјутерска галантерија, монтажа и одржување на видео-надзор и алармни системи во INTEGRA SISTEMS SECURITY.. . Копјутерот секогаш треба да биде подготвен за работа без разлика за каква работа станува збор. Компјутери, компјутерска галантерија како и исталација и преинсталација на windows или кратко кажано се’ што ви треба за компјутер без разлика дали е Desktop или Laptop можете да најдете во INTEGRA SISTEMS SECURITY.   Имено, во INTEGRA SISTEMS SECURITY ви нудат монтажа и одржување на 24 часовен видео-надзор и алармни системи. Со видео-наздорот и алармниот систем вашиот дом, викендичка ќе бидат 24 часовно безбедни од непосакувани „гости“ во домот или викендичката. Монтажата и одржувањето се одвива низ цела Македонија.   INTEGRA SISTEMS SECURITY се наоѓаат во бизнис центарот на приземје или барајате ги на телефонските броеви 048/613-113, 075/442-920 и 075/442-922.   Вие, вашиот дом и вашите копјутери секогаш бидете безбедни со INTEGRA SISTEMS SECUR...

Во Прилеп денеска се одржа еко-акција

Слика
Со еко-акцијата значително се намалија дивите депонии во градот... На околу 20 локации во Прилеп, но и во неговата околина се одржа најголемата еко-акција за почист Прилеп до сега. Во еко-акцијата учество зедоа Дејан Проданоски, градоначалникот на Општина Прилеп, претставници од ЈКП„Комуналец“-Прилеп и јавните институции како и граѓани, а акцијата броеше околу 1.000 луѓе. Дејан Проданоски, градоначалникот на Општина Прилеп вели дека најпрво треба да се подигне свеста, а потоа и јавните претпријатија да се на едно повисоко ниво за да може да има одржување на јавните површини, а спред Проданоски мора да се воведи и системот на присила. „Прво треба да ја подинеме свеста за ова што денес го правиме, второ јавните комунални претпријатија да се подигнат на едно повисоко ниво за да може да има одржување на јавните површини со механизација, и трето системот на присила мора да се воведе“ -вели Проданоски. Проданоски додава и дека планираат да направат неколку оградени локации кои станале ...

Секој четврток приемен ден со градоначалникот Дејан Проданоски

Слика
Средбите се закажуваат секој работен ден од 09:00 часот наутро до 15:00 часот попладне... Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски организира приемен ден. Премниот ден ќе биде четврток од 10:00 часот наутро. „ Секој четврток од 10:00 часот ќе имате можност лично да разговарате со мене за сите ваши прашања, идеи и проблеми што се однесуваат на нашата заедница. Вратата на Општина Прилеп ќе биде секогаш отворена! Нашата цел е транспарентност, соработка и решавање на реалните потреби на граѓаните.“- вели Проданоски. Средбите со прилепскиот градоначалник Проданоски може да се закажуваат секој работен ден од 09:00 часот натутро до 15:00 часот попладне на телефонскиот број 076/229-915. #Локално

Карате клубот „Бонсаи“ ќе ја претставува Македонија на балканското карате првенство во Риека

Слика
Карате првенството во Риека (Република Хрватска) ќе се одржи од 7 до 9 ноември 2025 година...   Каратистите на КК „Бонсаи“ ќе ја претставуваат Македонија на Балканското првенство во Риека Од 7 до 9 ноември 2025 година во Риека, Хрватска, ќе се одржи Балканското првенство во карате, на кое ќе учествува и македонскиот Карате клуб „Бонсаи“.  Клубот ќе настапи со петмина свои натпреварувачи: Јована Илиоска, Цвете Миланоска, Марија Јорданоски, Катерина Јорданоски и Леонид Белески, кои ќе се натпреваруваат во дисциплините ката (индивидуално и екипно) и кумите (индивидуално и екипно).  Натпреварувачите се под водство на тренерите Валентина Пурдеска и Дамјан Ристески, кои изминатиот период работеа интензивно со тимот во насока на техничка, физичка и ментална подготовка за настапот.  „Нашите каратисти се целосно подготвени и мотивирани. Веруваме во нивниот квалитет и се надеваме дека ќе го покажат најдоброто од себе на меѓународната сцена.“ -истакнаа тренерите Пурдеска и Рист...