Германски божиќен базар впонеделник во Прилеп

Настанот ќе се одржи на 15 декември 2025 година во центарот на Прилеп...

Здружението на наставници по германски јазик и Гете-институтот во Скопје, а во соработка со училиштата од Општина Прилеп за прв пат оргзнизираат божиќен базар по германски пример. Базарот ќе се одржи на 15.12.2025 година (понеделник) од 12:30 часот до 14:30 часот на градскиот плоштад „Методија Андонов-Ченто“ во центарот на Прилеп.

Од Општина Прилеп велат дека базарот ја носи традиционалната магија на германските Божиќни базари во Прилеп. Ученици по германски јазик од основните и средните училишта од Прилеп и Македонија ќе ја доловат празничната магија на германските Божиќни базари преку игри, песни, украси, ракотворби и храна.

Базарот ја носи магијата на традиционалните германски Божиќни пазари директно во нашата општина. Учениците љубители на германскиот јазик и култура од основните и средните училишта од Прилеп, но и од други градови низ Македонија, ќе ја доловат оваа празнична атмосфера преку игри, песни, новогодишни украси, ракотворби и богата празнична храна.И сето тоа се разбира бесплатно, од деца за деца.“-велат од Општина Прилеп.

Програмската шема за настанот е следна:

12:30-13:30 часот-Културно-уметничка програма на германски јазик со настапи на ученици од основните училишта во Прилеп, како и учество на најмалечките од градинката „Вишне“ и приватната градинка „Ројал Кидс Хаус“.

13:30-14:30 часот- Посета на штандовите, интерактивни едукативни работилници и дружење со учениците. Секој посетител ќе може да научи нови зборови на германски јазик, да понесе ново искуство и да се приклучи кон хуманитарниот дух на настанот.

Одржливоста на овој настан се огледува во неговата едукативна вредност и хуманитарен карактер. Целта е секој посетител, дете или возрасен, да може да стекне ново знаење, да развие емпатија и да ја почувствува убавината на германската култура преку непосредно искуство.
Настанот Божиќен базар по гермаски традиции е поддржан од повеќе општествено одговорни компании кои ќе учествуваат со свои производи, како и од партнер-училиштата и институциите што континуирано ја промовираат германската култура и јазик во Македонија.
Инаку, настанот е поддржан и од страна на Општина Прилеп.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп