Еве кој ќе пее за 100.000, а еве кои за 10.000 вра за нова година од српската естрада
Светлана Ражнатовиќ-Цеца веќе со години е една од најбараните и најскапи пејачки кога е во прашање нова година (вечерта на 31 декември) дознава српски informer. Како што дознава порталот Цеца одамна за денот на новогодишната ноќ немала настапувано во Златибор, а годинава таа ќе настапува на 31 декември, а нејзиниот хонорар е 100.000 евра.

Овој пат од сите градови на балканот, Белград има најдобра поунуда.Лепа Брена уште на почетокот од годинава договорила настап за новогодишната ноќ и за тој настап таа искеширала 80.000 евра.За разлика од Брена, Аца Лукас и Ацо Пејовиќ договориле настап и идвајцата ќе пеат за ист хонорар од 70.000 евра, но тие ќе настапуваат на различни локации, Лукас публиката ќе ја забавува во еден белградски хотел, а додека пак Пејовиќ ќе пее на саем. Веднаш зад Лукас и Пејовиќ е Јелена Карлеуша која за свој настап искеширала 60.000 евра хонорар и ќе пее во еден од познатите хотели во Белград.
Џани ќе настапва за 40.000 евра, а додека пак Дарко Лазиќ ќе настапува заедно со својата кума, пејачката Андреана Чекиќ и ќе заработат 40.000 евра зема Дарко, а Чекиќ ќе заработи 35.000 евра. Дара Бубамара и Радмила Манојловиќ-Рада за својот новогодишен настап искеширале 20.000евра. Драстично изенадување има кај мега популарната Теодора Таировиќ-Теа која драстично ја дигна цената за новогодишната ноќ и искеширала 35.000 евра.Во истиот хотел со Таировиќ ќе пеат и Катерина Живковиќ и Јована Перишиќ кои ќе земат по 15.000 евра за настапот.
Дејан Матиќ за својот настап за новогодишната ноќ искешира 20.000 евра, а доека пак Весна Змијанац и Каја Остиќ за својот новогодишен настап искеширале 15.000 евра.
Имено, ист хонорар договориле и Аца Живковиќ и Милица Јокиќ и ќе пеат за 10.000 евра.
Марина Тадиќ оваа година ќе пее на Копаоник и за тој настап искеширала 10.000 евра.
Па што друго да се каже освен „Дежурната екипа на Радио Свет ви ги честита новогодишните и божиќните празници“
Пишува:Христијан Ангелески
#Забава и патувања
Коментари
Постави коментар