Целовечерен концерт на културното уметничко друштво „Мирче Ацев“ во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп
На 10 септември со почеток од 19:30часот во големата сала при центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, културното уметничко друштво „Мирче Ацев“ од Прилеп одржа целовечерен концерт со наслов „75 години културно уметничко друштво Мирче Ацев“, а додека пак друштвото е основано во 1952 година. Свој придонес на концертот имаа и гостите, културното уметничко друштво „Змај“ од Ириг, Република Србија и машката пејачка група „Октет-Прилеп“ од Прилеп. Имено, концертот беше поделен во 3 блока. Домаќинот КУД„ Мирче Ацев“ се претстави со женското оро тресеница, ратовка-беровка, водарки и т.н., а додека пак машката постава се претстави со сплетот Егејски.„Мирче Ацев“ исто така се претстави и со мешаните (машко-женски) ора Тропнало, поттрчано, црногорка и егејска, и уште многу други ора, а исто така се претсави и со песната „Маце, маце“ која беше во изведба на Горан Василески и мелодијата од женското оро пуштено. КУД „Змај“ од Ириг, Република Србија се претставија со традиционални српски ора и песни, а додека пак „Октет-Прилеп“ се претсави со староградските песни „Дајте ми ја“ „Кој ќе ме види“ и уште неколку други староградки песни.
Имено, претседателот на КУД „Мирче Ацев“ Горан Василески на претседателот од КУД „Змај“ Стевица Јуришиќ му додели благодарница и подарок сувенир на кој имаше мало обележје од старата прилепска чаршија, на „Октет-Прилеп“ им додели благодарница, благодарница исто така му додели и на претходниот претседател на КУД „Мирче Ацев“ Атанас Гагалески но за жал тој не ја прими лично награда бидејќи не присуствуваше на концертот од здравствени причинии, а на членовите на друштвото им додели исто така благодарница.
Свој збор на концертот зеде и градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески кој порача дека му е драго што бил почасен гостин на концертот. Концертот беше прекрасен, атмосферата за расположение кај публиката беше на највиско ниво. Концертот го водеше познатата ТВ новинарка и водителка Елизабета Митреска.
Пишува:Христијан Ангелески (главен и одговорен уредник на Радио Свет)
#Локално
Коментари
Постави коментар