Илон Маск:Твитер покрај сините ознаки ќе добие и златни и сиви

      Илон Макс кој што неодамна ја купи познатата компанија Твитер, најави дека од следниот петок (2.12.2022 година) покрај стандардните сини ознаки ќе воведе и сини и златни ознаки.

Златните ознаки ќе ги означуваат компаниите, сивите  ознаки ќе ги означуваат владите, а додека пак сините ознаки ќе ги означуваат поедниците кои се корисници на оваа социјална мрежа, без разлика дали се познати или не.Ова го напиша Маск на својот профил на Твитер.

Имено, Маск додаде дека сите профили односно сметки на Твитер ќе бидат темелно проверени пред да им стават соодветна ознака „Поединците ќе можат да додадат едно мало лого од компанијата на која се припадници, но претходно тоа треба да го одобри компанијата“, изјави Маск и додавајќи дека следната недела ќе изнесе и повеќе детали за ова.

За потсетување Твитер неодамна го одложи воведувањето на сините ознаки кои требаше да бидат достапни за сите корисници и тоа за 8 долари месечно.Најавено е дека сините ознаки повторно ќе бидат достапни за корисниците од 29 ноември годинава.

Новиот модел за воведување на сини ознаки беше одложено заради огромниот број на лажни сметки на оваа социјална мрежа, од кои неколку го имитираат и самиот Илон Маск.Синиот знак порано беше прашање на престиж, него можеше да го добијат само проверени сметки на политичари, новинари, пејачи, и други познати т.е јавни личности.


Пишува:Христијан Ангелески

                                                 #Свет


Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови