Направена првата трансплантација на црн дроб во Македоннија, доднор е жена со мозочна смрт

 На клиниката за дигестивна хирургија во Скопје денес точно напладне беше извршена првата трансплантација на црн дроб од почината пацентка донор.Ова е прв таков оперативен зафат во историјата на македонското здравство.

Пациентот кој го добил црниот дроб имал хронична болест на црниот дроб, а здравиот (трансплантираниот) црн дроб го добил од пациентката донор која била со мозочна смрт.Семејството на починатата жена вчера се согласило да ги донира  органите.Покрај црниот дроб во овој момент во тек се трансплантации и на бубрезите, кај двајца пациенти кои имаат бубрежни болести.

“Би сакал од мое лично име и од името на целиот персонал вклучен во трансплантациите да се заблагодарам на семејството на донорот и на нивната одлука да спасат не еден туку три животи. Ни покажаа уште еднаш дека живот може да се подари„- Ова го истакна министерот за здравство Беким Сали.

   Медицинските тимови кои ги изведувале операциите се подготвувале 24 часа, а тие и по операциите ќе продолжат да работат заедно со пациентите.                                              Имено, овој прв зафат на трансплантација на црн дроб го извршува доктор Зоран Караџов и неговиот тим, како и тимот на гастроентерохепатологија.

                                                   #Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови