Денес од 16 часот на МРТ проследете го јуилејното издание на јуниорскиот евросонг

 

Денес со почеток во 16 часот гледачите на јавниот сервис (МРТ) имаат можност во живо да го следат јубилејниото 20-то издание на јуниорскиот евросонг.                                                                   Македонските претставници Лара, Јован, Ирина и танчарките Александра и Мила ќе ја претсавуваат нашата земја со песната „Животот е пред мене“ , кои со оваа песна веќе ги освоија срцата на нивните фанови.

Јубиејното 20 издание на јуниорскиот евросонг го отвара претставничката на Холндија. а ќе го затворат претставници од Ерменија и Украина.Македонските претставници настапуваат под реден број 10.

Македонските претсавници Лара, Јован, Ирина, Александра и Мила со нетрпение чекаат да застанат на големата евровизиска сцена и во најдобро светло да ја претстават Македонија .

Имено, гласањето за јуниорскиот евросонг е во тек и  завршува денес во 15:59 часот. Можете да гласате на следниот линк  https://vote.junioreurovision.tv/ можете да гласате за 3 земји вклучувајќи ја и својата земја.

Последното гласање ќе биде отворено повторно по изведбата на последната  композиција во   времетраење од 15 минути.

Половина од гласовите се од интерент, а половината ги дава стручно жири, победник е онаа земја која што има најголем број на поени.

  ДА ГЛАСАМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!

                                                                                                                    Гимел радио

                                                         #Македонија/култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови