Промоција на книгата „Записи“ од Каролина Мицевска

Каролина Мицевска е една долгогодишна новинарка која во овој момент повеќе работи како советник за односи со јавност при центарот за ккултура „Марко Цепенков“-Прилеп.



 На 6.12.2022 година во киното „Мис Стон“ во Прилеп кое е во склоп на националната установа центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп, промоција на својата втора книга „Записи“ одржа познатата новинарка во Прилеп,  м-р Каролина Мицевска.



Имено, промоторт на книгата Елизабета Арсовска која е исто така новинар истакнува дека кога новинар ќе одлучи да напише книга тоа значи дека зад себе има долга километража напишани реченици и проживеани 3 животи кога е во прашање еден просечен граѓанин.

Каролина Мицевска која воедно е и автор на книгата „Записи“ има соработувано со повеќе медиуми како на локално така и на регионално и на национално ниво, такви се:

Весниците  „Нова Македонија“      „Балканска газета“    „Народен глас“ , и сто така и во неделникот „Вечер'' 

Националното радио „Канал 77“-само хитови    „Радио Прилеп''

Телевизиите „Орбис“     „Радио телевизија Прилеп“     и многу други медиуми со кои што има соработувао Мицевска.

Инаку, книгата „Записи“ е составена од 60 текстови кои се поделени во 3 делови т.е секој дел содржи по 20 текстови.Текстовите во книгата најчесто се оние текствои кои што авторката ги пишувала за медиумите, а нејголем број се репортажи за манастирите низ Македонија како што се: Манастирот Св.Богородица-Трескавец близу Прилеп, манастирот Св.Преобразение Зрзе“ близу општина Долнени, потоа го имаме манастирот Св.Илија во селото Дрен и многу други такви репортажи.

На оваа промција присутен беше и главниот и одговорен уредник на медиумот (весникот) „Нова Македонија“ , Александар кои  што и самиот истакна дека оваа година слевеле 78 години од постоење на весникот и 20-годишна соработка со Каролина.

На  промоцијата беше промовиран и краток филм со извадоци од книгата кои што беше креиран од Фан продукција-Оливер Ангелески, а беше одигран од глумците во народниот театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп.

Промоцијата за книгата „Записи“ ја водеа Душица Неделкоска и Елизабета Арсовска.

На промоцијата имаше голем број на посетители , сите со внимание ја следеа промоциијата и на крајот сите беа задоволни од промоцијата на најноваат односно 2-та книга на Каролина Мицевска.

За атмосферата погледнете од фотографиите кои што следуваат во продолжение.









                                                                                                                           Новинар:
                                                                                                                  Христијан Ангелески
                                                                   #Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп