Утре е Свети Никола

Утре 19 декември се празнува една од најголемите и најмасовните слави во  Македонија, а тое е славата посветена на свети Никола.


Во народното паметење овој лик  останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода.

Имено, Свети Никола во Прилеп се празнува и како заштитник на градот, а ѝ како градска слава. Како и секоја година во центарот на градот се отслужува богослужба со водоосветување и со традиционален ручек со посни сарми, риба и грав.

Свеченоста утре започнува со утринска црковна богослужба во црквата „Свето Благовештение“ или помеѓу прилепчани позната и како стара црква, а со неа ќе чиноначаствува митрополитот македонско-преспански г-дин Петар,а потоа се преминува со воодосветување пред параклисот на Свети Никола во центарот на градот и со делење на тардиционалниот свети николски посен ручек.

На овогодинешната градска слава домаќини се сопствениците на ТераКота инженеринг.

Имано, Прилеп во 2016 година влезе во гинисовата книга на рекорди, со рекордно посни сармички со големина на лешник.

Исто така утре имендени чекаат оние кои ги носат следниве имиња:Никола, Николина, Николче, Нино и слично.

Ние ви го  честитаме Свети Никола и ви посакуваме многу здравје, среќа, берикет, мир, благосостојба во вашите домови и честити имендени на сите оние кои слават.

ЗА МНОГУ ГОДИНИ И НАПОМОШ ПРАЗНИКОТ!

                                                                                                           

                                                                                                                        Гиемл радио

                                                    #Локално


Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови