Комета на 1 февруари ќе мина повторно крај земјата

 Комета која минала крај земјата во времето на неандерталците се враќа на 1 февруари.

Станува збор за кометата C/22 E3/ZTF/, која е видена последен пат пред 50 000 години.Таа на почетокот на февруари односно на 1 февруари ќе мине покрај земјата на оддалеченост од 41.8милиони километри, моментално оваа комета е оддалечена 178 милиони километри.

Имено, иако е стара според сегашното сметање на времето таа била откриена во март минатата година.Како што пренесува Daiy  Mail,научниците откриваат дека кометата има зелена боја и жолта опашка која што е составена од прашина.

Инаку, астрономите велат дека кометата ќе биде видлива со голо око ако тоа го дозволуваат временските услови.

Последна комета која беше видена со голо око беше кометата Novis, која одушеви многу љубители на астрономијата и астрологијата, како и обични љуѓе, а беше видена во јули минатата година.



Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

Времениот режим на сообраќај на патот кој ќе се гради од Прилеп до Битола договорен