Околу 100 верници ќе скокаат по светиот крст за Водици
Над 100 всернци ќе скокаат по светиот крст за Водици...
Светиот крст кој утре околу пладне ќе биде положен во реката Вардар во Скопје, за фаќање на истиот се пријавени околу 130 верници.
Како што информираат од МИА за Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија (скопска епархија) пријавените се полнолетни и сите се проверени на спортска медицина, а некои од пријавените верници кои ќе скокаат по светиот крст во водите на реката Вардар се исто така и спортисти.
Имено, во 9:00 часот наутро ќе започне светата архиерејска божествена литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во која што ќе учевствува и со која што ќе чиноначаствува и архиепископот на Македонската Православна Црква ОхридскаАрхиепископија,архиепискиопот господин-господин Стефан.Литургијата планирано е да заврши околу 11 часот пред пладне, а веднаш по литургијата ќе следи освет на водите во припратата на истоименуваната црква.
Околу 11:20 часот архиепископот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, господин-господин Стефан, заедно со свештенство ќе се упатат кон мостот „Слобода“ во Скопје, каде што веднаш ќе започне церемонијата „Водици“ каде што архиепископот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, г-дин.г-дин Стефан ќе го положи светиот крст во водите на реката Вардар точно напладне т.е во 12:00 часот.
Исто така од Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија (скопска епархија) посочуваат дека утре е голем празник во православната црква, и во христијанската религија за оние кои што се водат спрема јулијанскиот календар.
Инаку, утре верниците се поздравуваат со поздравот „Бог се јави“ на што се возвраќа со поздарвот „Навистина се јави'.
Исто така од Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија (скопска епархија) апелираат верниците да бидат присутни во црковните храмови, да учевствуваат активно во божествената литургија со тоа што ќе се причестат.
Христијан Ангелески
Гимел радио
#Живот
Коментари
Постави коментар