Прилепчани и годинава заеднички ќе ја дочекаат православната нова година-Василица
И оваа година прилепчани со топол чај, греано вино и бурек со паричка заеднички ќе ја дочекаат православната нова година-Василица...
Ја продолжуваме традицијата што ја започнавме минатата година во центарот на Прилеп!
Имено, годинава манифестацијата ќе се одржи на платото пред прилепската саат кула на 13.01.2023 година в'петок со почеток од 11 до 13 часот, а во честитката што ја испратија од Општина Прилеп се вели:
„Почитувани сограѓани, ве покануваме на ден 13.01.2023 година (петок) од 11:00 до 13:00 часот на платото кај саат кулата заедно да го одбележиме доаѓањето на новата година според јулијанскиот календар со парче бурек, грано вино и топол чај“-стои во поканата која што е испратена од Општината Прилеп.
Инаку празникот Св.Василиј Велики уште е познат и како Василица.
Дежурната екипа на радио Гимел ви го честита празникот Василица со желби за се најадбро во вашиот живот и во животот на вашите најблиски.
Гимел радио
#Локално
Коментари
Постави коментар