Потвредни се првите случаи на мали сипаници во Србија

 Во градот Смедерево потврдени се првите случаи на заразени лица со мали сипаници.Болеста засега е откриена кај 4 лица и тоа кај две деца на возраст од 1,5 и 2 години ѝ кај едно возрасно лице. Нивната здравствена состојба во овој момент е стабилна (добра).

Др.Милан Јовановиќ-Батут од институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ по тој повод го изјави следново:

„Во референтната лабораторија на институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ е потврдено присуството на морбили кај четири лица од територијата на Смедерево (Србија).Имено, станува збор за три невакцинирани лица и едно лице на кое не му е познат статусот на вакцинација.

Епидемиолошката служба на заводот за ЈЗ во Пожаревац,спроведува епидемиолошка истрага на потврдени случаи“- ова го соопшти др.Милан Јовановиќ-Батут од институтот за вирусологија, вакцини и серум „Торлак“.

Имено, институтот препорачува да се извршува построг епидемиолошки надзор, а исто така ѝ да се евидентираат вакцинираните и невакцинираните лица, а за тие што не се вакцинирани да се спроведе итна вакцинација.На територијата каде што се потврдени сипаниците треба да се спроведе вакцинација за невакцинираните и ревакцинација за вакцинираните на возраст од 12 до 18 години, која што е согласно правилникот и програмата за задолжителна имунизација.


                                                                                                                                  Гимел радио

                                                                 #Балкан

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп