Одбележана православната нова година-Василица во Прилеп
Православната нова година одбележана во Прилеп.
Денеска со почеток од 11часот претпладне до 13 часот попладне, во централното градско подрачје под прилепската саат кула по втор пат, прилепчани заедно ја одбележаа православната нова година или позната како Василица.
На настанот присутни беа и членови од локалната самоуправа како и градоначалникот на Општина Прилеп, др.Борче Јовчески. Имено, Јовчески пред прилепчани излезе со краток говор, кој порача дека на своите сограѓањи им посакува многу здравје, а исто така изјави дека кај тој што ќе се падне паричката локалната самоуправа од Општина Прилеп на најсреќниот ќе му врочи скромна награда.
На настанот беа поделени и 500 парчиња бурек како и топло вино ѝ топол чај.Настанот исто така беше проследен и со традиционална старооградска музика.
Инаку, настанот го носи името „На Василица во Прилеп“ и се организира 2-ра година по ред, а од општината велат дека овој настан ќе го пренесат во традиција и ќе се организира уште долги години натаму.
Повеќе за атмосферата од фотографиите кои следуваат во продолжение:
Христијан Ангелески
Гимел радио
#Локално
Коментари
Постави коментар