Марко Ристески го фати светиот крст за Водици во Прилеп
Прилепчанецот Марко Ристески беше најсреќниот т.е беше оној кој што го фати светиот крст за Богојавление-Водици во Прилеп.
Четиринаесет годишниот Марко Ристески е оној кој што го фати светиот крст за Водици во Прилеп.Ристески инаку е ученик во Основното училиште „Блаже Конески“-Прилеп.
Имено, Ристески е оној најсреќниот меѓу верниците затоа што во неговите раце се најде светиот крст кој што беше фрлен во веќе постоечката црковна фонтана во црквата Св.Благовештение во Прилеп.
На светиот чин присуствуваа голем број на вернцици меѓу кои беше и градоначалникот на Општиа Прилеп Борче Јовчески како и други претсавници од локалната самоуправа и од Општина Прилеп.
На настанот учествуваа 19 момчиња и едно девојче кое што беше на возраст помеѓу 10-16 годишна возраст.
Инаку, Марко Ристески учевствува втора година по ред и втора година по ред свтиот крст се наоѓа во неговите раце односно втора година е оној кој што го фаќа светиот крст од осветените води.По тој повод, Ристрски за тв Канал 5 го изјави следново:
„Вторпат учевствувам и втор пат го фаќам светиот крст.Се чувствувам многу возбудено и сакам постојано да учевствувам на Водици и ако имам среќа да фо фаќам крстот.На сите им посакувам здравје и среќа.Ова е прекрасна традиција“-изјави Ристески за тв Канал 5.
Исто така градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески смета дека традицијата за Водици го сплотува насродот, па затоа за тв Канал 5 го изјави следново:
„Го пренесуваме духот на традицијата, на она кога Исус Христос бил крстен во светите води на Јордан.Се надевам дека ова го зближува народот и ќе ни донесе повеќе радост во оваа година“-порачува градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески во своето кратко интервју за тв Канал 5.
Среќниот фаќач на светиот крст во Прилеп, Марко Ристески доби подароци од црквата, од локалната самоуправа и од генералниот спонзор на овој настан, а тоа е аптеки „Зегин“ со продажни места низ цела Македонија, кои што на Ристески му доделија ваучер од 12.000 денари, а тој исто така доби и телевизор.
Дежурната екипа на Гимел радио на Марко Ристески му ја честита наградата и му посакваме уште многу години учевство на Водици, а исто така му посакувае многу здравје, среќа, мир, љубов и убаво празнично расположенние со неговите најмили.
Христијан Ангелески
Гимел радио
#Локално
Коментари
Постави коментар