Скопје и денеска меѓу најзагадените градови на светско ниво

 Скопје и денеска е во топ 10 најзагадени градови на светско ниво по степенот на ерозагадувањето.

Македонската метропола ѝ денес е во топ 10 најзагадени градови на светско ниво.Според податоците на  платформата IQ air, индексот по загаденост во метрополата денеска обележан со црвена боја, ѝ исто така е во постојано варирање од 170.Според листата на загаденост во Скопје се дише загаден воздух, како што е воздухот во некои градови од Индија, Виетнам, Гана како и градови во Ирак.

Имено, има и зголемен број на повици во итаната медицинска помош од граѓани кои имаат пробелми пред се со отежнато дишење или некои белодробни заболувања и хронички болести на респираторниот систем, особено ваквите повици во скопската итна помош се зголемени во денови  кога аерозагадувањето во главниот град е на енормно високо ниво.

Во тие денови кога аерозагадувањето е на високо ниво, лекарите советуваат граѓаните да не се изложуваат на загаден воздух, а доколку тоа е потребно да биде кратко и да се носат медицински заштитни маски.

Инаку, според резулатите од амбиенталните мерење на амбиенталниот воздух на министерството за животна средина (МЖС), во Скопје во изминатиот месец се дишеше позагаден воздух во однос на месец декември во 2021 година, и со поголем број на денови кога се надминати нормалните среднодневни концентрации на ПМ 10 и ПМ 2,5 честитки во воздухот.

                                                                                                                        Гимел радио

                                                                         #Скопје

                                    

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови