Чоко-портокал бомбици (Рецепт)

 Кремасти, чоколадни и со арома на портокал, а тоа се чоко-портокал бомбиците.

За нив ви се потребни:

150 грама мелени јаткасти плодови

100 грама стопено црно чоколадо

100 грама свежи урми (мерени без семка)

Кора од 2-3 портокали

Сок од 2-3 портокали

Околу 100 грама стопено црно чоколадо за покривање на бомбиците

Подготовка:

Прво во блендер ставете ги урмите и убаво блендирајте се додека не добиете убава хомогена смеса.Потоа во блендерот додадете ги стопеното чоколадо, сокот  и  кората од портокалите.          Од оваа смеса направете околу 15 топчиња (бомбици).Доколку смесата е многу мека оставете ја 10-15 минути во фрижидер, за чоколадото што е во неа да се стегне и полесно да се прават топчињата.На крај покријте ги топчињата со чоколадо и тие се готови за дегустација.

Уживајте во вашиот десерт!


                                                                                                           Гимел радио

                                                        #Храна

Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Од „Пушти коси“ до „ И тебе сам сит кафано“ синоќа на Пиво фестивалот во Прилеп

Прилеп со 8 милиони евра ќе инвеститра нови развојни програми