Традиционален гала оперски концерт во националната опера и балет-НОБ
По повод празникот Св.Всилије или попознат како „Василица“, вечерва и утре со почеток од 20 часот,националната опера и балет организира традиционален гала оперски концерт.
Како што информираат од НОБ,за да се одбележи традицијата за Василица, со кршење на лепче со паричка, на 13 јануари в'петок гостите кои што ќе присуствуваат на гала оперскиот концерт од фоајето на НОБ ќе можат да си земат лепче со паричка, а на оној на кој што ќе му се падне паричката, како награда ќе добие гратис билети за целата сезона на НОБ.
На концертот ќе настапат:
Сопрани:Славица Петровска-Галиќ, Весна Гиновска-Илкова, Сандра Митровска, Дешира Ахмети-Крлиу и Наде Талевска.
Мецосопрани:Ирена Кавкалевска.
Тенори:Ѓорѓи Цуцковски и Зоран Сотиров.
Баритони:Борис Трајанов и Марјан Јованоски.
Бас:Игор Дурловски и Александар Стефаноски.
Имено, гала оперскиот концерт е под диригентска палкка на Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, додека пак Дејан Прошев е режисер, Верица Ламбевски е концерт мајстор и Јасмина Ѓорѓеска е хор мајстор.
Гимел радио
#Култура
Коментари
Постави коментар