Започна вевчанскиот карневал
Под падините на планината Јабланица, испирирани од секојдневните случувања во Македонија и во странство, но исто така и политичката состојба во државава вевчанци денеска во 15 часот поладне ги подготвија маските и започна дефилето под маски. Дефилето под маски започна во 15 часот поладене, а како и секоја година така и оваа традиционално орото први ќе го заиграат зетот и невестата, ѓаволите и вампирите.
Имено како и претходните години така и оваа утре вевчанскиот карневал се завршува со полнење на вода од познатите вевчански извори ѝ со палење на маските во центарот на Вевчани.Маските се палат затоа што се верува дека, огнот кои што гори ги брка лошите демони и носи среќа целата година која што претстои.
Имено, овогодинешниот вевчански карневал не ги изостави политиката и смеата, неизбежни беа маските за економската криза во Македонија, а исто така се коментираат и настаните кои што ја одбележаа минатата 2022 година.
Гимел радио
#Култура
Коментари
Постави коментар