Кристијан Нинески е среќникот кој што го фати светиот крст во Скопје
Кристијан Нинески го извади светиот крст од реката Вардар во Скопје...
БОГ СЕ ЈАВИ!
НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ!
Со овој поздрав православните верници од христијанската религија денес го празнуваат еден од најголемите празници во христијанската религија, празникот Богојавление-Водици.Празник кој што секоја година се одбележува на ист датум (19 јануари).Според христијанската религија Водици е празник кога светиот Јован Крстител го крстил Исус Христос во водите на реката Јордан.
Традицијата за одбележување на овој празник продолжии оваа година во сите градови низ Република Северна Македонија.Вода се освети во сите епархии и во помесните цркви низ светот кои се водат според јулијанскиот календар.
Имено, се верува дека Исус Христос на овој ден бил крстен во водите на реката Јордан (Израел) од страна на Св.Јован Крстител.Јован Крстител се нарекува Крстител после крштевањето на Христос.Во периодот пред и по празникот Богојавление, се случуваат и организираат многу крштевки затоа што христијанските верници веруваат дека постои врска помеѓу крштевањето на нивните деца и исусовото крштевање во реката Јордан во Израел.
Исто така се верува дека тој што ќе го фати светиот крст на овој ден ќе го следи среќа и благослов во текот на целата година која што претстои.Фаќањето на светиот крст значи сеодинување на човекот со господ Исус Христос, а исто така се верува дека со фрлањето на светиот крст водите се осветуваат односно стануваат светени и лековити води.Од Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископја посочуваат дека Богојавление е голем празник во православната црква.Во нашата земја согласно законот за неработни денови празникот Богојавление е наработен ден за сите граѓањи на Македонија.
Инаку, скопјанцот Кристијан Нинески кој има скокнато по светиот крст осум пати досега, а годинава успеа по 3 пат да стигне до светиот крст и истиот да го фати на централната манифестација за одбележување на Богојавление-Водици во Скопје.Централната манифестација за Богојавление-Водици беше на мостот „Слобода“ во Скопје, а Нинески беше најбрз меѓу 130-те учесници кои беа пријавени за да скокнат во водите на реката Вардар со надеж дека ќе го фатат светиот крст кој што го фрли првиот човек на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископја, поглаварот господин.господин Стефан.
Христијан Ангелески
Гимел радио
#Македонија
Коментари
Постави коментар