Васко Довлев е човекот кој што го фати светиот крст во Охрид

 Васко Довлев од Варош беше најсреќен со тоа што го фати светиот крст во Охрид меѓу стотиците верници...

Васко Довлев (19) од Варош е среќниот фаќач на светиот крст во осветените води на доста разбрануваното охридско езеро.Довлев беше најбрз меѓу стотиците верници кои утринава се фрлија по светиот крст во охридското езеро за празникот Богојавление-Водици.

Младиот Васко Довлев доби вредни подароци од Општина Охрид и од градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Имено, манифестацијата во Охрд ја следеа илјадници верници и покрај тоа што имаше отежнување заради времеските услови.Одбележувањето на најголемиот државен и верски празник пред се, се одржа во организација на дебарско-кичевската епархија и локалната самоуправа при Општина Охрид, а беше со поддршка на јавните претпријатија Црвен крст-Охрид, нуркачки клубови, здравствени установи, Територијалната Против Пожарна Едница од Охрид како и Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Христијан Ангелески

                                                                                                           Гимел радио

                                                     #Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови