Исчезнатото лице со пореченост од кратовско е пронајдено

 Од регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК)-Куманово, известуваат  дека денеска од страна на полициската  станица од општа надлежност (ПСОН), е добиено известување дека исчезнатото 41-годишно лице со попреченост  од село Татомир (Кратовско) во текот на денешните претпладневни часови е пронајдено.

Имено, исчезатото лице е пронајдено од жител на соседното село, селото Сакулица.Од страна на припадници на полициската станица од општа надлежност (ПСОН) Кратово е прифатено и однесено во здравствениот дом Кратово каде што му бил извршен медицински преглед.Лицето по медицинскиот преглед е  вратено кај неговото семејство, информираат од регионалниот ценатр за управување со кризи Куманово.

Инаку, согласно координациите ѝ информациите од центарот за управување со кризи и од регионалниот центарза управување со кризи од Кратово се  одвиваше континуирана потрага по исчезнатото 41-годишно лице кое е со попреченост од селото Татомир од неделата.

                          


                                                                                                                                      Гимел радио

                                                                 #Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп