Гаврил Кочоски е среќниот пронаоѓач на паричката за Василица во Прилеп
Гаврил Кочоски е овогодинешниот среќен пронаоѓач на василичарската паричка во Прилеп, која што беше т.н „скриена“ во едно парче од многуте буреци кои што беа поделени на прилепчани.
Имено, Кочоски од Општина Прилеп беше даруван со пригодна награда, а таа награда е крст. Организатори на настанот се Општина Прилеп и општествено одговорни компании, кои на прилепчани му поделија околу 500 парчиња бурек, како ѝ топол чај и топло вино, а во само едно парче од буреците имаше специјално изгравирана паричка.
Инаку Гаврил Кочоски по тој повод пред новинарите изјави „Очекувам само здравје,среќа и успех на сите“-ова го изјави Гаврил Кочоски, среќниот пронаоѓач на паричката за претстојниот празник Василица во Прилеп.
Градоначалинокот на Општина Прилеп,.Борче Јовчески пред новинарите изјави „Сакаме да подариме, среќа, а на среќниот добитник на паричката, му дадовме симболична пригодна награда“-ова го изхави градоначалинкот на Оптина Прилеп, Борче Јовчески.
Граѓаните кои беа присутни велат дека утре за ручек во Прилеп речиси секоја фамилија врти бурек (по прилепски мазник) со паричка.
Христијан Ангелески
Гимел радио
#Локално
Коментари
Постави коментар