Временска прогноза

 Според податоците од управата за хидрометеоролошки работи на Македонија:

Времето денеска променливо облачно претжно во северните делови со појава на слаб локален дожд, а на повисоките места вклучувајќи ги и планините со изолирана појава на слаб снег.Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Максималната температура во интервал од најниски 4 до највисоки 10 степени целзијусови.

Времето утре наутро некаде во котлините ќе има изолирана појава на магла и слаба видливост поради маглата.Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.Максималната температура во интервал од најниски -4 до највисоки 12 степни целзијусови.

Прогноза за 16.01.2023 година (понеделник)

Наутро ќе биде студено со мала до умерена локална облачност и со појава на магла по котлините и со намалена видливост поради маглата.Преку денот ќе биде претежно облачно, а во доцните попладневни и вечерните часови во западните делови со врнежи од дожд, а на повисоките места со врнежи од снег.Ќе дува слаб до умерен, а долж повардарето повремено засилен ветер од јужен правец.Темепартурата во интервал од најниски -3 до највисоки 12 степени целзијусови.

Прогноза за 17.01.2023 година (вторник)

Променливо облачно со врнежи до дожд, кои пообилно ќе бидат во западните делови.Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.Температурата во интервал од најниски -3 до највисоки 14 степени целзијусови.

Прогноза за 18.01.2023 година (среда)

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.Темапратурата во интервал од најниски 0 до највисоки 17 степени целзијусови.


                                                                                                                    Гимел радио

                                           #Временска прогноза(УХМР)

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови