Известување до возачите кои патуваат на патниот правец Прилеп-Крушев

 Очигледно е деко магловитото време во новата 2023 година е сѐ почест гостин во градот под марковите кули, град Прилеп.Се чини дека маглата сака да ги ,,скрие’’ спомените од првите денови во новата година.

Имено, во информацијата што беше испратена од Македонија пат се вели дека поради појава на магла, има намалена видливост од 50-60метри на патните правци Прилеп-Крушево и Тетово-Попова Шапка.

Поради ова ве потсетуваме дека од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење со вашето возило, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со вашите возила, особено низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони, ова посебно се однесува на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово, Катланово-Велес  и Кочани-Делчево.

Исто така е започната и редовната обврска на сите возачи за носење соодветна зимска опрема во возилата (ланци, зимски гуми и сл).

За потсетување, патниот правец Охрид-Ресен преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за секаков вид на возила од 1.11.2022 година.

За повеќе информации јавете се на бесплатниот телефонски број од АМСМ (02)15-555.


                                                       Гимел радио

                           #Сообраќај

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови