Eве каде ќе се фрла светиот крст за Водици во Прилеп
Светот краст за претстојниот празник Богојавление-Водици ќе се фрла во...
Како и секоја година наназад така и оваа година ќе имаме традиционално осветување на водите и фрлање на светиот крст во истите тие води.
Имено, во Прилеп оваа година светиот крст ќе се фрла во веќе постоечката црковна фонтана во црквата Св.Благовештение или меѓу прилепчани позната како стара црква.
Инаку, утрото на 19.01.2023 година во 09:30 часот после свеченото пушатње на гулабите и свечената божествена литургија , симболично ќе се фрла светиот крст во црковниот двор во веќе постоечката црковна фонтана.
Во духот на православната христијанска вера и традиција да го дочекаме големиот христијански празник Богојавление-Водици, со желби да останеме со позитивна мисла, добро здарвје, убаво празнично расположение и верба во господ Бог.
Дежурната екипа на Гимел радио ви го честита христијанскиот празник и ви посакуваме убаво празнично расположение со нашата програма.
Бог се јави!
Навистина се јави!
Гимел радио
#Живот
Коментари
Постави коментар