Вчера се навршија 21 година од смртта на фолк пејачката Петранка Костадинова
Вчера се навршија 21 година од смртта на фолк пејачкта Петранка Костадинова која што загина во сообраќајна несреќа во центарот на Скопје...
Петранка Костадинова во помладите години од животот Петранка Костадинова Дојчиноска е родена во Сомбор, Србија во 1948 година, која што е една од најпознатите етрадни уметници ѝ изведувачи на македонска народна и новокомпонирана македонска музика.Била дете на семејсто бегалци од Егејска Македонија.Во раните детски години нејзините родители се селат во Демир Капија, а нејзините девојачки години ги поминала во Неготино. Уште како мала многу сакала да пее, па така песната ќе ја одведе во Скопје каде што го запознава својот сопруг за кој подоцна се мажи и со кој што има два сина.
Имено, Косатдинова загина на 3 февруари 2022 година во сообраќајна незгода во центарот на Скопје. Таа пред несреќата била во Македонската Радио Телевизија (МРТ) каде што ја направи студиската снимка за песната со наслов „Мајка“ која што требало да ја изведува на претстојниот „Гоце Фест“. Песната „Мајка“ е нејзината последа снимена песна. Петранка Костадинова веднаш по излегување од студио се упатила кон нејзиниот дом но за жал таа не стигнала до својот дом.Костадинова умира во сообраќајна несреќа која што се случила во центарот на Скопје.
Инаку, Костадинова има голем број снимени хитови со кој што во денешно време ниту една забава не поминува без нејзините песни.Таа има учевствувано на голем број на фестивали како во Македонија така и во земјите од регионот и светот ѝ има добиено голем број на награди.
Едни од најпознатите нејзини хитови се песните:
„Мајсторе мајсторе“
„Ој природо вечна убавице“
„Леонид со мајка вечера“
„По друм одам мајче“
„Мајка“
„Абре водничаре “ и многу други.
Петранка во својата 35 годишна музичка кариера гордо го носеше епитетот доајен на македонската народна музика.
Во продолжение линк од јутуб каналот Петранка Костадинова каде што можат да се најдат сите нејзини како студиски снимки од песни така и снимки од концерти.
https://www.youtube.com/watch?v=cj9GAa6YRAA
Гимел радио
#Култура
За сите љубители на пишаниот збор ви ја препорачуваме книгата:
Коментари
Постави коментар